Број 3272  понеделник, 03 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пред договор за борците на ОНА

Се бара како да се спроведат решенијата за борците на ОНА, но без бура во јавноста

Светлана Унковска

Владините партнери, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, по интензивните разговори веќе се пред изнаоѓање заедничко решение околу обештетувањето на борците на поранешната ОНА, како и за дополнување на проектот „Скопје 2014“ со споменици на личности од албанската историја. Преговорите за овие прашања се' уште се водат на ниво на високи партиски функционери, односно генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Мартин Протоѓер и Абдулаким Адеми. Меѓутоа, за понудената верзија од договорот, сепак, на една од наредните средби ќе решаваат двајцата лидери, премиерот Никола Груевски и Али Ахмети, информираат извори од ДУИ. Се вели дека генерално се утврдени главните точки и за двете барања на ДУИ, но деновиве се бараат модалитети како да се спроведат овие решенија, особено обештетувањето на борците на поранешната ОНА и на нивните семејства, а тоа да не предизвика бура во јавноста и негативни реакции.

И двата коалициски партнера се согласни дека обештетување за инвалидите и за семејствата на загинатите припадници на ОНА мора да има, но, истовремено и дека треба добро да се процени моментот и начинот како да се изведе тоа. Според истите извори, нема да се подготвува посебен закон, туку барањата ќе се решаваат преку постојната легислатива.

Се има предвид и дека најверојатно ќе има несогласувања од Здружението на бранителите „Достоинство“, па дека е можно дури и организирање протести. Очекувањата се дека страстите би можеле да ги смират со тоа што ќе бидат исполнети нивните барања преку донесување посебен закон за бранителите, на кои „Достоинство“ инсистира веќе подолго време.

Со целиот овој проект би се решиле барањата и на двете страни, а притоа да не бидат опфатени и рангирани на исто ниво. Истовремено, се смета и дека оваа иницијатива многу би придонела кон смирување на меѓуетничките тензии, но и во залекувањето на раните кај членовите на семејствата што претрпеа лични штети и загуби во конфликтот во 2001 година. Обид да се затвори ова прашање имаше и пред половина година, кога министерот за труд и социјална политика, Џелал Бајрами, помпезно најави дека до пред Нова година ќе биде донесен законот за борците на ОНА и дека тие ќе добијат пензии. Поради бурните реакции, несогласувања и критики што ги предизвика изјавата на министерот, проектот беше повлечен.Тогаш и премиерот Груевски рече дека закон нема да има, туку дека проблемот ќе се решава преку постојните закони.

Обештетувањето на инвалидите и семејствата на загинатите борци на ОНА се планира да се спроведе преку постојниот Закон за специјалните права на безбедносните сили. Но, законот претходно ќе се приспособува со тоа што ќе се интервенира во промена и додавање на неколку одредби, па и цели членови, но, исто така, и во менување на насловот на законот. Дознаваме дека во законот не��а да стои формулацијата „припадници или борци на поранешната ОНА“, туку само „жртви на конфликтот од 2001“.

Преговорите на владините партнери, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, треба да резултираат и со дополнување на проектот „Скопје 2014“ со споменици на личности од албанската историја. Засега договорот е, велат, 3 + 1. Тоа би требало да значи три споменици на истакнати Албанци на плоштадот и уште еден на еден од мостовите што ќе го премостуваат Вардар од кејот до државните објекти што се во градба. Се спомнува дека споменикот би можел да се најде на мостот „Око“. Избрани се споменици да се постават за Неџат Аголи, учесник во Народноослободителната борба и прв министер Албанец во повоена влада, кој во периодот на Информбирото бил ликвидиран, потоа Дервиш Цара, предводник на востанието на Албанците против Османлиското Царство и Пјетар Богдани, писател од времето на преродбата. Името на Албанецот од католичка вероисповед, Богдани, го носи и Институтот за албанска историја. Меѓу нив се спомнува и името на првиот градоначалник на Скопје, Јашар-бег Кумбараџи.

Се' уште не е усогласено дали во Музејот на револуционерната борба како дел од жртвите на комунизмот би можеле да се најдат и фигури и поставки што се значајни за историјата на Албанците во Македонија.


#
Статијата е прочитана 3579 пати.

Испрати коментар

Од: srebre
Датум: 03.05.2010 00:29:21
borcite na ona pod zakon za pravata na bezbedosnite sili???znaci vmro pravi se da opstane na vlast....znaci teroristi imat pravo kalko d se borele zaspas na makedonia?i sds vikat bil komunisticki,predavnicki..........
Од: Trpe od Gradcko
Датум: 03.05.2010 00:30:08
Bidejki najde resenie za borcite za ONA togas e sigurno deka mozes da najdes resenie za kompromis so Grcija i da vneses Makedonija vo EU i NATO. Za toa govori i faktoto sto zboruvate kako VMRO-DPMNE za ONA vo 2002god(terorditi sl...) a sega nisto i uste najde resenie sto e dokaz deka mozes kompromis da najdes i za imeto so Grcija i da ja vneses Makedonija vo EU i NATO
Од: sss
Датум: 03.05.2010 00:38:25
bez komentar,cudo ne videno,dali postoi vakvo nesto vo univerzumot ,kade sto se narusuvaat i prirodnite zakoni
Од: Борис
Датум: 03.05.2010 01:09:29
Еве сега имаме тоќно докази дека,ако војуваш против својата држава добиваш све што и да посакаш значи како пример треба сега и МАКЕДОНЦИТЕ во сите наши соседни држави треба ЕДДИНО преку пушка да си ги добијат своите заслужени права ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА
Од: aj pak jas
Датум: 03.05.2010 04:00:41
Heheheheh me iznasmejaa branitelive . Pa kako Grujo ke objasni sega dali nie bevme napadnati od marsovci koga i Albancite i Makedoncite se braniteli. Bi se smeel i povekje da ne se custvuvam navreden od ova predavstvo , samo vo mojata Makedonija go ima ova. Sega uste i Bugarite i Grcite da pobaraat deka se braniteli na Makedonija so toa sto ja podelija i se ke si dojde na mesto. Bravo Grujo za malku vlast ke ja prodades se, samo taka zasto na ovie od tvojata partija ne im ide pamet u glava.
Од: Kimov
Датум: 03.05.2010 06:43:53
Koga ke si go vidam tilot ? Togas i Gruevski ke im dade penzii na borcite na ona.
Од: Mile
Датум: 03.05.2010 08:23:08
Aj valjda ke prestanat pljackite na bankite.
Од: davidov
Датум: 03.05.2010 08:23:56
Македонија е фрлена на колена ,изгледа власта ја интересираат парите и ништо повеќе.Освести се народе!
Од: goce bitola
Датум: 03.05.2010 08:33:55
gospoda od dpmne vie ste bedni luge.
Од: Учо-Гостивар
Датум: 03.05.2010 09:16:16
Со каква леснотија Груевски ги преименува борците на ОНА од терористи во жртви.Вакви работи може да ги прифати само заслепен послушник кој не мисли со својата но со главата на лидерот.„далеку ќе не одведат“.
Од: Kristina
Датум: 03.05.2010 09:21:32
Zarem so vakov kukavicen poteg premierot se nadeva deka se smiruvaat meguetnicki tenzii??? "Sekoja cest" na mudrata odluka i za farsata deka na vakov nacin se zalecuvaat ranite na semejstvata....Samo sto prasanjeto e na koi semejstva, na onie sto bezrezervno se borea protiv Makedonija??
Од: Дете бегалче - во сопствената земја
Датум: 03.05.2010 09:35:55
Е,токму затоа,поголемиот број патриоти побегнаа од местото на настанот,во времето на војната,преку граница!Па,свесни беа дека поради Зголемената Сигурност и преголемите „Безбедносни Сили“на Ushtria Çeverisë në Maqedonisë,кои,по грешка беа именувани со референцата Kosovës,требаше да завршат како Глинени Гулаби! :) Нешто не ви е јасно?!Ниту мене!Колку што ми е познато,а тоа беше Објавено и во сите медиуми,МК,беше нападната од Независниот Самостоен Протекторат,а „нашите“ини граѓани воопшто не беа вмешани во ваквите „весели“препукувања со „свадбарско“оружје!Така барем пишува во поновата „наша“историја!Уште малку ќе излезе дека е подобро да си најдеме Два Сведока,кои ќе го докажат „гордото“учество во Безбедносните сили на UÇМК!Исто како во повоениот период,времето по Втората Светска Војна,кога нагло се зголеми бројот на Партизанските Единици и„борци“„учесници“во единиците на НОВ и ПОЈ кои подоцна,поради истите „патриотски“причини се прекрстија во „единици на НОВ и ПОМ“!
Од: dimitar
Датум: 03.05.2010 09:55:24
doprva narode makedonski ke svatite deka pogresno ste izbrale odluka so toa sto ste glasale za grujo ,maka ke vi bide isto kako i na mene sto mi e maka ,ama toa sto da se pravi ,da se nadevame deka uste malku ke go gledame na pozicijata sto ja ima a ne ja zasluzuva.
Од: od mene
Датум: 03.05.2010 10:52:53
e ova samo kaj nas go ima... majka mi ne moze penzija da dobie a na nekoi teroristi sto ubivaa nasi policajci i vojnici ke gi plakame nie od nas dzep a be ova ne e drzava, ova e nisto, nula, nula nula...
Од: realen
Датум: 03.05.2010 10:53:41
Zdravo na site, samo nesto da kazam namesto site da sme srekni zs ke ima resenie i da ednas za sekogas da se resaat site problemi vo mkd i da ziveeme mirno i ubavo, nekoi ne se srekni zs ke se resavaat tie problemi ...
Од: Vukašin Joveski
Датум: 03.05.2010 11:01:48
Lugje ova e nekakva GOLEMA GREŠKA ! Ne znam samo dali grešil novinarot ili onie što ja birale vlasta.
Од: јас
Датум: 03.05.2010 11:22:20
Значи овчаров ШТО СЕ’ НЕМА ДА НАПРАВИ ЗА ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ ?!!! Поголема бедотија од човек ,ниту имало , ниту ќе има! Зошто само јас и останатите бевме 2001 на боиштата во тетовско и кумановско.Зошто само загинаа моите 10 сограѓани ( и останатите жртви од бранителите)..За да може овчарот да се испазари со терористите , кои седат во парламентот за уше некој споменик на плоштад ?! И за него се удираат в гради портокаливе , дека ќе го зачувал името ( а ќе ја расподаде државата „пошто-зашто „ )...
Од: ardit
Датум: 03.05.2010 11:39:12
Borcite na ONA ke dobijat nesto samo vo hartija zatoa sto Gruevski pak ke gi izmanipulira DUI i ostanatite. na DUI i odgovara za da go podobri rejtingot sto mu e padnat vo Keller, no mislam deka e predocna. Lugeto nema taka lesno da pagat vo takvi zamki ...
Од: Трпе
Датум: 03.05.2010 11:53:53
Се гледа колкава е неспособноста и неискуство ,кога се на власт бладата на дпмне-овците.За се што ке се фатат,прават белји.Исто како 2001 што мораше да прифакат рамковен договор а глумат дека се против ,истата грешка ја прават сега.Им честитам на албанските парти,работат со визија.Сега Глујо мора пак се да им прифаќа и исполнува.И после ке велат дека Цацко бил крив.А тие занесени во лично профитерство ја уништуват државата а глумат патриоти.
Од: pece prilep
Датум: 03.05.2010 12:01:34
da te zprasam premiere dali nie ke gi plajkame ti borci odnosno teroristi zatoa sto ni gi odzedoa zivotite na nasite braka roditeli bratucedi koi se borea za ovaa nasa izmrcvarena napatena zemja od vasata politika,ajde dosta e zemi i odisi oti znaenjeto e mojc i sila a ne kako tebe ,DOSTAE od vas sega znam koga ke glasame za vas
Од: demirov mujadin
Датум: 03.05.2010 12:52:55
zavrsiv voena skola vo novi sad 1992 se vrativ vo makedonija ,ne me vrabotija vo arm,kasno sumse vratil i ne sum bil ni vo edna politicka partija, za vreme na konfliktot bev vo vodno kako komandir,znaev deka ne e vojna samo perenje na pari za toa i pobegnav posle dva meseci, i ot togas sum vo evropa, no ne mi e jasno ako albancite dobijat obestetuvanje sto ke dobijat makedoncite i ostanatite, za da se osane na vlast izgleda i g...t ke si go dade nekoj, no sepak makedonci vie ste nacija koja ne se pocituva sama sebesi kamu li nekoj drug ovaa vie za pamet,sve ke vi zemat eden den , i mnogu skoro.
Од: smajo
Датум: 03.05.2010 13:01:24
borcite na ona ne ratuvale za nisto osven za svoite prava i svojata tatkovina,no na makedoncite uste ne im e jasno no treba da znat ednas za sekogas deka nemame kade da odime osven vo ova zemja kade sto sme bile..
Од: terorist
Датум: 03.05.2010 13:17:52
Zarem DPMNE ne ja narekuvase DUI teroristi?Zar sega na tie teroristi ke im dade benificii podobri od oni sto gi "dobija" clenovite na Dostoinstvo.Gruevski se ke dade samo da ostane na vlast. Kade se sega jurisnicite koi frlaja drva i kamenja protiv teroristite? Zar toa e "arsinot" na DPMNE? BRAVO!!!!!!!!!!
Од: "vodolija"
Датум: 03.05.2010 15:43:21
Gruevski netreba da go menuva postojniot makedonski zakon, za da se dobie obestetuvanje na invalidite i semejstvata na zaginatite borci na ONA, tuku Gruevski treba da im gi smeni ulogite na borcite vo konfliktnata 2001 god. Borcite od zdruzenieto "Dostoinstvo" da bidat borci na ONA, a borcite na ONA,bidejki ja spasija Makedonija od gragjanska vojna, da bidat borci na zdruzenieto "Dostoinstvo"i da bidat proglaseni za Patrioti i da im se dodeli dozivotna penzija !!??

Најди! во Утрински
На прво место
Груевски
Уставната реформа разбранува и пропадна