Број 3272  понеделник, 03 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Уставната реформа разбранува и пропадна

Дали власта беше искрена во намерата да го отстрани министерот за правда од Судскиот совет?

Александра М. Митевска

Ништо од уставните измени, објави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по две лидерски средби без конкретен епилог и по неколку заседанија на партиските работни групи. Идејата што беше пласирана како гром од ведро небо, постепено губеше здив, за да заврши со фијаско, откако, во меѓувреме, предизвика лавина барања, ги подигна тензиите меѓу власта и опозицијата и ги искомплицира релациите меѓу партнерите во владејачката коалиција.

Судскиот совет ќе остане во истиот состав и со ист мандат. Но, идејата за промена на дел од уставните одредби што се однесуваат на Советот отвори уште многу други прашања што и натаму ќе ја брануваат политичката сцена и што и во иднина можат да бидат пречка за интервенција во Уставот, кога ќе се наметне потреба за тоа.

Ако се направи ретроспектива на случувањата околу уставните измени во изминатите два месеца, може да се каже дека иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ од самиот почеток беше осудена на неуспех. Предлогот за кадровски промени во Судскиот совет беше презентиран набрзина и без претходни консултации меѓу партиите, така што можеше да се претпостави дека опозицијата и партиите од албанскиот блок нема да пропуштат шанса да настапат и со свои сугестии за уставни измени. Беше сосема очекувано дека владејачката ДУИ нема ја остави НД сама да мафта со барањето Бадентер да влезе во Уставен суд, кое е целосно неприфатливо за партиите од македонскиот блок. Без консензус, пак, не може да се обезбеди двотретинско парламентарно мнозинство за прогласување уставни измени! И кога ВМРО-ДПМНЕ се осигури дека нема консензус, не и' беше проблем да го прифати барањето на СДСМ за ревизија на приватизацијата.

Универзитетскиот професор Осман Кадриу, кој учествуваше во работната група за уставните измени, смета дека нереализирањето на проектот за корекција на Уставот може да биде вовед во уставна криза, која потоа би можела да предизвика и политичка криза.

„Прашањата околу кои сега се дебатираше се поставуваат од поодамна и најверојатно и натаму ќе се поставуваат. Тука не мислам само на барањето за воведување двојно мнозинство во Уставен суд“, објаснува Кадриу. Според него, и предлогот министерот за правда и претседателот на Врховниот суд да не бидат членови на Судскиот совет не е изум на Владата, туку тоа е барање на меѓународниот фактор, со цел поголема дистанца меѓу извршната и судската власт.

Во Уставот, посочува Кадриу, остануваат отворени и прашањата за јазикот и за симболите, за кои Собранието носи закони, а Уставниот суд ги укинува. „Кога ќе се види колку прашања не се допрецизирани, добро би било да се размисли за нов устав, бидејќи поминаа цели 20 години од донесувањето на овој Устав на Македонија. Впрочем, и во социјализмот најголемата временска дистанца од еден до друг ��став беше 17 години“.

Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, посочува дека постапката, веројатно, ќе течеше поинаку и можеби ќе стигнеше до парламентот, доколку премиерот ги консултираше другите партии пред да објави дека планира уставни корекции.

„За многу клучни прашања Груевски не го кажува јавно својот став, а овој пат побрза да и' соопшти на јавноста дека ќе се менува Уставот, не водејќи сметка дека станува збор за тема што може да ги подигне тензиите и да се одрази на меѓуетничките односи“, коментира Андов.

Тој вели дека сметките од избрзаните политички потези секогаш доаѓаат на наплата, така што прашање е дали граѓаните ќе го платат и овој „ручек“. Сепак, посочува Андов, треба да се имаат предвид ставовите на опозициските ДПА и на НД дека за време на мандатот на Груевски се влошени меѓуетничките односи. Според тоа, кога ќе се коригира политиката што ги комплицира односите меѓу заедниците, би можело да се очекува и поконструктивен однос на политичките субјекти кон евентуалната потреба за уставни измени во иднина.

По се', се наметнува прашањето дали владејачката ВМРО-ДПМНЕ беше искрена во намерата да ги отстрани од Судскиот совет министерот за правда и претседателот на Врховниот суд и со тоа да придонесе за поголема независност на судството? Или, пак, единствената цел беше да се демонстрира конструктивност, ако се имаат предвид информациите дека промените во персоналниот состав на Советот ги предложиле меѓународните претставници?

СДСМ веќе оцени дека иницијативата за уставни измени била обичен блеф на премиерот. „Груевски ниту имал ниту ќе има вистински намери да го тргне Маневски од Судскиот совет. Тој одлучи Михајло Маневски и натаму, во негово име и за негова сметка, брутално да го партизира судството. За неискреноста на Груевски за независност на судството, говори и фактот што додека заседаваше работната група за уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ за член на Судскиот совет избра уште еден партиски војник и послушник - Бранко Ушковски“, изјави секретарот на СДСМ, Андреј Петров.

Од Нова демократија оценија дека е погрешна одлуката за прекинување на разговорите околу уставните измени. „Сега е повеќе од јасно дека токму некои членови од Уставот се генератор на кризите и нерамноправноста меѓу најголемите етнички заедници во Македонија, меѓу Албанците и Македонците“, смета НД.

Според ВМРО-ДПМНЕ, пак, лидерите на СДСМ и на НД, Бранко Црвенковски и Имер Селмани, се виновни што пропаднаа уставните измени. Во владејачката партија се сомневаат дека Црвенковски го наговорил Селмани да отвори етнички прашања што нема да бидат прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ!


#
Статијата е прочитана 765 пати.

Испрати коментар

Од: diplomat
Датум: 03.05.2010 01:35:50
Gruevski,Nikovski..:Ne moze taka,kako toa albancite da ne uslovuvaat so imeto,pa tie imaat svoja "Besa-Verba" mora zaednicki..znaci koga treba albancite da davaat podrska,tie moraat,taka e pravedno,moralno..ne moze da se povredat custvata na makedoncite!A koga treba albancite da dobijat podrska od makedoncite,za svoi uskrateni prava i slobodi,kako avtokton narod vo ovie kraista,tie direktno se diskriminiraat+tretiraat,kako da se emigranti?!!Srbite imaat eden izraz>cudom da se nacudis!SAD i EU ne podrzuvaat mitovi na makedonskite politicari,ambasadori,poeti...,zatoa baraat kompromis so grcija!Sto mislite vie,dali moze da izlazete SAD i EU,deka samo vie imate pravo na poimot makedonija!Edinstveno sto ziveete vo taa anticka,rimska makedonija!Zosto gi iskomplikuvate rabotite!Ke se obezlicime..koga toj termin ne e vas!Vie ke se obezlicite,ako nekoj vi kaze ne ste slovenski narod!Vasiot jazik ne e slovenski jazik!Drugo e sto albancite nemaat svoj predlog za imeto na drzavata,znameto...
Од: Игор
Датум: 03.05.2010 08:23:59
СДСМ предлага незастарување на криминал од приватизацијата.... ДПМНЕ прво не сака да прифати ама по реакцијата на јавноста декларативно го прифаќа предлогот... ДПМНЕ и ДУИ се договараат ДУИ да постави максималистички барања за јазикот... ДУИ добива поени кај албанците... ДПМНЕ демек не прифаќа никакви измени (ниту тие за приватизацијата) затоа што ДУИ имал максималистички барања... Сите во коалицијата среќни и весели...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 03.05.2010 08:35:46
Вината според мене е кај албанските партии кој поднесоа барања кој се антиуставни плус максималистички.Би биле единствена земја во светот која би го применила Бадинтеровиот принцип во судството,буџетот и др.Судството и инаку ние срозано уште и ова ако се примени како роба за политички пазарења тогаш слободно моше да судиите си одат дома а политичките лидери нека се пазарат околу (не)законитоста.Пак ЕУ преставникот молчи за максималистичките захтеви на албанските партии како и досега,делува само еднонасочно вероватно по инерција.
Од: Трпе
Датум: 03.05.2010 12:00:08
Тоа се остварувачките резултати на Глуевски.Порано се плашеше од сукњи а сега се крие позади секакви панталони,без разлика на моделот.И тоа е способност,позната за која возраст ПУ Пу,пу не важи.Важно играта мора да продолжи,па ако сака нека се лути и мама.
Од: papazjanija
Датум: 03.05.2010 13:28:36
Zar nekoj normalen vo RM veruvase deka Gruevski ke se otkaze od usklugite na Manevski ? Ova bes trik na DPMNE, so cel da go ottrgne vnimanieto od neuspehot okolu pregovorite za imeto.Euforijata okolu izmena na ustavot traese tolku,kolku mu bese potrebno na Vlasta da go ottrgne vnimanieto od ona sto narodot go ceka kako kapka voda vo pustina.NATO ni e potreben za da ja zacuvame Drzavata. Osvestete se.
Од: Tralala
Датум: 03.05.2010 14:40:51
Се уцвика премиерот да не има ревизија на приватизацијата! Сите сомнителни приватизации се од негово време. А и голем број на транзициони профитери се сега во неговата партија.

Најди! во Утрински
На прво место
Груевски
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пред договор за борците на ОНА