Груевски: Нема зголемување на годините за пензионирање
Нема зголемување на старосната граница за пензионирање од 65 на 67 години, тврди премиерот Никола Груевски, обраќајќи им се на македонските работници, по повод Празникот на трудот - 1 Мај. Тој истакна дека Владата ќе продолжи и натаму да работи во насока на подобрување на животниот стандард, условите, заштитата и правата на работниците, како и добриот дијалог со нив. „Владата ќе ја продолжи таа силна динамика и посветеност на економијата, а со тоа на некој начин да им помогне на работниците. Во делот на заштитата на работничките права секогаш сме биле отворени и ќе останеме отворени за поддршка, помош, разбирање, разговор, дијалог и за сето она што може да се излезе во пресрет од страна на Владата“, изјави Груевски.
За премиерот ваквите информации ги подгрева опозицијата, пред се', СДСМ. „Веројатно поради немање доволно идеи и на безизлезност се обидуваат да измислат нешто како да создадат конфузија и вознемиреност кај граѓаните. Најотворено пред граѓаните и директно го демантирам тоа. Владата не планира такво нешто и нема зголемување на старосната граница за одење во пензија“ рече Груевски.
Но, премиерот не објасни зошто тогаш во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се прави анализа и процена колку вработени би си заминале во пензија со наполнување на 65 години за жени и 67 за мажи. Во Министерството за труд и социјална политика се правдаат дека тоа се редовни анализи за да се согледа во кој правец се движат реформите во пензискиот систем. (Ј.Ј.)
g-dine Gruevski i onaka loso ziveeme i nema rabota za mladi osven za nekoi partiski vojnici. I ova e mnogu 64 so 62 a ne pa 65 so 67 sto ke bide golema glupost. Vo EU ima normi kade nevrebotenosta 7-8% a akj nas e nespovedlivo i nema sansi da se sprovedi bidejki imame nevrabotenost 32%. Za toa i apel dase vrati stazot, za da imame pogolema produktivnost so rabotata so mlad kadar nasproti stariot kadar...
Од: Kimov
Датум: 03.05.2010 06:40:27
Penzionerite so Gruevski se zaloeni kako vo bubreg. Zadovolni duri prezadovolni iskapeni na vreme se vozat so gradski besplatno i mu veruvaat na premierot za se i sesto. Ogorceni se od Branko od koga mu skina po dve penzii na penzionerite i zatoa sega ne sakaat da go smislat poveke Branko.
Од: lile od Prilep
Датум: 03.05.2010 09:49:03
komentarot od Trpe e na mesto mladi da se zaposlat a starite da si odat so ispolnet staz od 35 god. nagore, mladite ke stradat, starite ke gi gledame mladite, a decata ke si kinat nervi, i ke se molat na starite za denar da izlezat ili na desata da mu kupat mleko, ako se mazeni ili zeneti, a pak nekoj ne saka ni da se zeni ni mazi radi tie pari sto gi nemaat, neka razmislaat malce za mladinata
Од: јас
Датум: 03.05.2010 11:10:41
Ех Кимчо , Кимчо ,пак си во својот елемент !!!!Кажи ми дали хонорарчето ти е доволно за насабајле да се погледнеш во огледало и да си речеш дека гледаш човек од другата страна?!