Според анкетата на ИРИ, 50 отсто од испитаниците сметаат дека политичката состојба е мирна
Билјана Јовановска
Министерот Михајло Маневски, премиерот Никола Груевски и министерката Гордана Јанкуловска, се тројцата членови на Владата што оставиле најлош впечаток кај граѓаните. Според последното истражување направено од Интернационалниот републикански институт (ИРИ), Маневски води на негативната листа со 29 отсто, потоа следува Груевски - со 23 отсто и Јанкуловска со 20 отсто. Интересно е дека 11 отсто од испитаниците немаат став за ова прашање, а ист толкав процент негативно го оцениле министерот Бујар Османи, додека Муса Џафери и Џелал Бајрами имаат по 10 отсто, министерот за образование Никола Тодоров - 9, потоа осум отсто од анкетираните лошо мислење имаат за министрите Фатмир Бесими, Миле Јанакиевски и Абдуалади Адеми, додека Зоран Ставревски е зад нив, со само еден процент помалку. Дури седум члена на Кабинетот на Груевски - Неџат Јакупи, Зоран Коњановски, Антонио Милошоски, Елизабета Милевска, Љупчо Димовски и Веле Самак, заработија негативни оценки од шест проценти од анкетираните. На обратното прашање - кои министри ги издвојуваат како најдобри - со 35 отсто води Никола Груевски, Гордана Јанкуловска е зад него со 29 отсто, Антонио Милошоски со 25, а 23 отсто од анкетираните немаат став.
Секој трет испитаник, или 33 отсто се задоволни од исходот на претседателските избори, а процент на оние што се многу незадоволни е дури 42. На прашањето дали со контролата на власта на сите нивоа Владата е поуспешна во решавањето на спорот за името со Грција, 50 отсто негативно се изјаснија, што е зголемување од цели 13 отсто во споредба со истражувањата од април минатата година. Дека е лошо кога една партија ја има целосната власт мислат 51 отсто, 30 отсто ценат дека е добро, а 19 отсто не знаат.
Гледано во споредба со изминатите десет години, кај јавноста се зголемува довербата во Рамковниот договор - сега изнесува 53, а во 2001 година - 49 отсто, а се опаѓа и бројот на оние што му се спротивставуваат на овој документ - бил 43, а сега е 37 отсто, додека процентот на оние што не одговараат или немаат став е 11. Сега 54 отсто од населението смета дека Рамковниот договор ќе ја направи Македонија постабилна, додека негативен став имаат 34 отсто, а 8 отсто не знаат.
Во анкетата на ИРИ испитаниците се изјаснувале и за сегашната општа политичка состојба во држава - 43 отсто велат дека е несигурна, а 50 отсто ја оценуваат како мирна. Генерално, граѓаните не знаат - 76 отсто која е разликата во системот на гласање со отворени и со затворени листи, само 16 проценти се запознати, а 9 отсто не одговориле. Во однос на поддршката на реформските активности на Владата, 50 отсто позитивно одговориле, 36 отсто имаат негативно мислење, а бројот на неодлучните и на оние што не одговориле е ист - по 7 отсто. Во јавноста расте и ставот дека Владата е нетранспарентна - така мислат дури 55 отсто (во декември овој процент бил помал - 48), како транспарентна ја оценуваат 36 отсто, а немаат одговор 8 отсто од испитаниците.
Како министерот Маневски најлошо оценет, прашајте некој од стадото на Пастирот ќе видите дека не е така, на пример дедо,Феликс, Новаче(кој ли беше),и слични кои ги напаѓаат кадрите од миналиот систем како комуњари - за нив мини��терот ќе биде и брат и сестра, само ако прошол кај "нивните".Сите нивни на пиоедестал а останатите на столбот на срамот.
Не знам како се организирани племињата!.
Од: ...
Датум: 19.06.2010 08:32:48
Моето прашање е дали воопшто има некој од овие МАПЕТ БЕБИЊА што остава позитивен впечаток кај граѓаните???
Од: SPIRIDON
Датум: 19.06.2010 08:51:07
Mua ne go laze duri mu se ušče dobri prijatelsko-biznis vrskite so Grujo,Kamčevite.Žilava veleško štipska sprega.Od takvi snaodlivi,posveteni na sopstvenio đep čoveci strada vaa Makedonija.
Од: јас
Датум: 19.06.2010 10:59:17
Како што се гледа од анкетите на овој институт , а во кој се колни Среќко и компанија , НИТУ ЕДЕН ОД ВЛАСТА НЕ Е ОЦЕНЕТ СО ПОЗИТИВНА ОЦЕНКА !!!
Од: na prvo mesto
Датум: 19.06.2010 11:16:42
Sosema realno i objektivno.
Од: A
Датум: 19.06.2010 11:57:29
Зар е тоа можно?
Од: Трпе
Датум: 19.06.2010 12:19:33
Во секоја држава има мафија а кај нас,мафијата си има држава.Камелеонот Маневски е баронот Караханли а премиерчето ни е Неџми Тестере.Со помин да е.Сигурно ке дојде денот кога мафијата,сама ке се изеде.
Од: Ацко
Датум: 19.06.2010 13:41:42
За Маневски навистина немам коментар, за него и оној процентот на Амди Бајрам 102,3% незадоволство е малце. Патем, посетете го сајтот на Судот во Битола и се ќе ви биде јасно “колку е часот“ во македонското судство. Еве ви линк: http://www.osbitola.mk/cms/FCKEditor_Upload/File/WebSudenja/Hearings%287%29.html (објаснување: погледнете колку предмети во исто време има закажно еден ист судија во иста судница. Овој Доне Кузмановски е подобар и од Чак Норис)!!!
Од: Кристина
Датум: 19.06.2010 19:41:32
Добро сега имаме тука две контрадикторни тези, дека најлошо се оценети Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Антонио Милосевски, Михајло Маневски итн. А од друга страна тие се издвојуваат како најдобри.
Според мене оваа анкета не би требало да гласи кој има позитивни критики или пак негативни, туку кој има најголемо влијание и политичка мок.
Секако одговорот се горенаведените имиња и колку и да не ни се допага тоа, сепак е ФАКТ.
Од: Trpe od Gradcko
Датум: 20.06.2010 01:15:26
g-dine Gruevski dosta e veke od nalosiot minitser za "pravda"Manevski...ne vi treba, dosta go unistuva sudstvoto, ednas zasekogas smenete go..ne zasluzuva da bide minister Manveski...dosta mi e od negovite losi rezultati i zastoj vo sudstvoto za koj cela EU,NATO i sto e najvazno graganite vi kazuvaat deka ne go biva za taa funkcija,nema nikakvi rezultati i zatoa smenete go Manevski od funkcijata minister za pravda...Za tatkovinata se raboti