Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Политика

Последен збор

Димче Беловски

1923 – 2010, борец и дипломат

„Димче Беловски беше еден од тројцата што имаа храброст да одат слободно кај Јованка Броз откако таа беше отфрлена...“, ќе рече во едно интервју во раните 2000 години Тома Фила, адвокатот на сопругата на Јосип Броз.

Беловски, се чини, немаше проблем со процесот на транзицијата од бивша Југославија во новите држави кои произлегоа од некогашната заедничка Југославија.

Димче Беловски почина вчера во 87. година од животот. Почина тивко незабележливо... Во новинарските кругови, барем оние од постарата генерација Димче Беловски останува запаметен како еден од директорите на „Нова Македонија“, основана во Горно Врановци во 1944 година. Беше на чело на куќата во периодот кога таа се' уште се градеше.

Тој беше еден од последните живи учесници на Првото заседание на АСНОМ во Прохор Пчињски во 1944 години. Таму стигна како политички комесар на прочуениот Овчаров баталјон. Тоа беше баталјон составен од луѓе од Битолско и Преспанско, кои имаа борбен стаж од две-три години.

Новинарството е мал дел од кариерата на Беловски. Од 1961 до 1965 година беше амбасадор на тогашна Југославија во Канада, од 1965 до 1969 помошник на државниот секретар за надворешни работи на поранешна Југославија... во наредните години до 1974 член на Претседателството на СКЈ и пратеник во Сојузното собрание.

Постарите го паметат дека на визитата на Јосип Броз Тито во САД во втората половина на 70-тите кога беше примен од американскиот претседател Картер токму Димче Беловски беше амбасадорот на СФРЈ во Вашингтон.

Во неговатга историја може да одбележиме дека бил роден во 1923 година во Штип, дека студентот по право се приклучил во движењето на отпорот во 1941 година за што доби признание носител на Партизанска споменица. За време на војната имал високо воено-политички функции, но 1944 година излегува од армијата и влегува во политиката на тогашната Народна Република Македонија и нагоре кон Белград во сојузните органи. Кариерата го однесе надвор од земјата и како амбасадор на тогашната Југославија учествувал на дури 10 заседанија на Генералното собрание на ОН како член на југословенската делегација и предводел многу југословенски делегации на меѓународни собири и конференции. Бил и член на ЦК СКЈ, а во 1984 година дури и секретар на Претседателството на ЦК СКЈ.

По осамостојувањето на Македонија, Беловски на 68 години ги одржува контактите со новата македонска дипломатија и политика на ниво на пријателски односи. Не влезе во политиката во 1991 година, но беше тука за сите оние што сакаа и бараа совет од него. (Д.Ч.)


#
Статијата е прочитана 803 пати.

Испрати коментар

Од: perica
Датум: 19.06.2010 17:45:49
Slava mu. Sto se odnesuva do sovetitie toj bese raspolozen da gi dava, no Gligorov napravi sanitaren koridor okolu nego ,pa retko koj dobi sovet.

Најди! во Утрински
Политика
Министерот Маневски најлошо оценет од јавноста
Правосудството легло на корупција
Премиере, го примивме поздравот
ВАЦ останува во регионов
Фуере
Маневски ја игнорира администрацијата
Болниците ќе се компјутеризираат
Ребалансот нема да ги загрози проектите