Број 2857  вторник, 09 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Недостигот од дизел се надоместува од стоковните резерви

„Окта“ ќе заработи екстра-профит од граѓаните од разликата во цените поради падот на нафтата, реагира СДСМ

Билјана Ангеловска
Маја Томиќ


Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ од Скопје од синоќа нормално ги извршува секојдневните задачи со вообичаена динамика откако поради недостиг од гориво за возилата имаше дводневен делумен застој во собирањето на отпадот. По најавите на Владата дека ќе интервенира во снабдувањето со гориво од стоковните резерви, претпријатието повторно работи со полна трета смена, трошејќи ги на тој начин последните залихи нафта неопходна за возилата со кои се собира сметот.

„Искрено веруваме дека Владата ќе интервенира во снабдувањето на пазарот со горива од стоковните резерви, по што нашиот дистрибутер ’Макпетрол’ ќе почне да не' снабдува со нафта и со нафтени деривати. Нашите резерви изнесуваат 8 тони, но тоа е доволно само за два дена непречено собирање на сметот и одржување на хигиената во градот, бидејќи дневно, во просек, се потребни околу 3,5 тони нафта. Тоа значи дека доколку Владата не го бајпасира проблемот, за два дена ќе немаме ниту капка гориво за нашите возила“, вели Југослава Поленак, портпаролка на „Комунална хигиена“.

Од „Комунална“ се надеваат дека ќе бидат ставени на приоритетната листа корисници на гориво од државните резерви, бидејќи претпријатието врши дејност од посебно значење за граѓаните. Оттаму завчера апелираа до скопјани да го редуцираат изнесувањето на сметот од домовите. Како што потенцираше Поленак, граѓаните, најверојатно, максимално кооперативно се воздржувале колку што било можно од фрлање отпад, па состојбата со хигиената не е толку страшна по изминатите два дена намалена работа на комуналците. Според портпаролката, „Комунална“ деновиве работела само со четири возила во текот на денот, по две од секоја страна на Вардар, без ноќна смена, за разлика од вообичаената динамика кога хигиената се одржува со повеќе од 30 возила, преку ден со 20 возила, а ноќе со 13.

Недостигот од дизел-гориво се јави откако „Окта“ ја прекина работата поради хаваријата што се случи пред повеќе од две недели. Министерот за финансии Трајко Славески завчера изјав�� дека за непречено и континуирано снабдување на пазарот со гориво, Владата одлучи да го прифати барањето на рафинеријата да и' дозволи да ги користи државните стоковни резерви дизел-гориво и од вчераутро да има редовна испорака на пумпите. „Ова е неопходно, затоа што последните денови се јавија знаци на нарушување во снабдувањето на пазарот поради хаваријата во ’Окта‘, што се надеваме дека ќе се санира поскоро“, рече Славески, појаснувајќи дека со раководството на рафинеријата било договорено дистрибуцијата на дизелот да започне вчера, понеделник, во 7 часот, иако беше неработен ден, а набавките да бидат надоместени во јануари, со новото гориво Д5.

Според Славески, за непречено и континуирано снабдување на пазарот со гориво, Владата добила уверување од „Окта“ дека дефектот поради кој беше прекинато производството на дизел-гориво ќе биде саниран во најкраток можен рок. Засега останува непознато кога рафинеријата повторно ќе продолжи со производство на дизел и кога тој редовно ќе се испорачува на пазарот. Од друга страна, државните резерви на дизел-гориво се ограничени, најмногу за 40 дена. Според некои неофицијални информации, производството ќе стартува по 20 декември.

„Македонските граѓани повторно се соочуваат со вештачка нафтена криза во режија на Владата и на ’Окта‘ “, реагираше вчера опозицискиот СДСМ. Според СДСМ, незамисливо е да нема дизел-гориво кога цената е намалена за 3 пати на светските берзи. Владата и „Окта“ го објаснуваат тоа со наводна хаварија на рафинеријата, сега кога цената е 40 долари по барел, а хаварија немаше кога светската цена изнесуваше 150 долари, и кога македонските граѓани го полнеа буџетот, и на „Окта“ и на Владата“, се вели во вчерашното соопштение на СДСМ. „Окта“ повторно ќе заработи екстра-профит на грбот на македонските граѓани од разликата во цените поради падот на нафтата на светските берзи, реагира СДСМ и прашува зошто Владата не ја дистрибуираше нафтата директно до бензинските пумпи, јавните претпријатија и до другите големи корисници?


Статијата е прочитана 228 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 09.12.2008 00:24:00
Чист случај за антикорупциска комисија.Зарем македонскиот народ да очекува јавно од владата,дека овој случај со кризата со нафта беше вештачки предизвикан.Чист криминал,почист здравје.Пред 100 и повеке години комитите јаделе повеке овци од волците.Окта е милениче на дпмне-овците.
Од: St.Patrik
Датум: 09.12.2008 04:05:00
Ново дизел гориво Д5?!? Мухахахахаааааа Фала г-дине министре, ова ми требаше за добар почеток на денот. Кој кого го заеб**а овде? Сите знаеме дека О��ТА нема санси да произведе Д5 гориво
Од: Kiril
Датум: 09.12.2008 08:57:39
Како се надоместува немањето мозок (ум) - не е можно од стокови резерви?? Знаењето е сила и мускул....
Од: zabegan
Датум: 09.12.2008 09:13:41
covek da ti kazuva nema da mu veruvas deka vo 21.vek se ostavi cela drzava bez gorivo(nafta).navistina sega veke totalno (kristalno) treba da nie jasno deka ako imame drzava????????.nemame drzavnici,sto ako dojdese do nekoi elementarni nepogodi da trebase narodot da se evakuira,kaj i so sto zarem so zaprezni koli ce se vozi narodot,aj odetesi sto pobrzo,neste vie za da go vodite ovoj narod.dali da bese vo vistinska drzava ova ke se slucese i dali narodot ke ve trpese.neeeee sum sigoren ke vi leta perduvite.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Металската индустрија во земјата во длабока агонија
Македонија ја очекува новата рунда преговори за името