Македонија ја очекува новата рунда преговори за името
Нимиц, по средбата со Јолевски, најавува дека ќе го договара терминот за следната средба
Македонија ја чека следната рунда преговори во спорот со името откако новиот македонски преговарач Зоран Јолевски во петокот на својата прва средба со Метју Нимиц во Њујорк го информирал медијаторот од ОН дека и покрај тужбата која нашата земја ја поднесе против Грција пред Меѓународниот суд за правда, Скопје останува во процесот на преговорите. Откако Нимиц добил уверување дека нашата земја е подготвена за брзо продолжување на преговорите, најавил дека следната рунда разговори ќе се случи по комуникацијата со Атина.
Јолевски, новиот преговарач за името и актуелен македонски амбасадор во САД, на средбата со Нимиц, која била од неформален карактер, не разговарале за суштински прашања поврзани со спорот за името, туку, како што информираат од канцеларијата на Нимиц, за следната рунда преговори за името. Средбата била за запознавање. Нимиц го информирал македонскиот преговарач за процедурите и правилата на преговорите и се интересирал за подготвеноста на Македонија да ги продолжи преговорите откако земјата започна судска процедура против грчкото прекршување на Привремената спогодба. Нимиц најавува дека ќе биде во комуникација со двете страни за да се договори следната средба. (Н.Р.)
Treba dase poceka da zavrsi ,,revolucijata,, kaj juzniot neprijatel,da se ispotepaat ,i anarhistite da ja prezemat vlasta od fasistite na karamanlis.pa togas da razmislime dali da pregovarame so takva neseriozna i trula drzava.
Од: demokrat
Датум: 09.12.2008 04:20:08
"ne razgovarale za sustinski raboti". a za sto zborele, ovoj doprva uci kako se pregovara? pa treba da mu organiziraat i zabrzan kurs po gramatika i elokvencija a moze i angliski. dimitrov bar bese dostoen sogovornik, kojznae kolku se raduva vasilakis sega . ama po profilot na pregovaracot se gleda kolku e seriozna namerata za pregovaranje, inaku bi se odbral nekoj od kalibarot na frchko sto znae megunarodno pravo pred se kako dimitrov. pofer e da nema folirancija i da se kaze ne pregovarame otkolku em pregovaraat za smena na ime em patrioti e kaj go ima toa
Од: makedonce
Датум: 09.12.2008 09:22:26
sram beda i grev da pregovarame uste za naseto vekovno ime...a tie sto sakaat da ne unistat gospod ke gi unisti niv..vecna makedonija
Од: dragi
Датум: 09.12.2008 15:29:56
treba makedonija da ceka ova zemja da se demokratizira,koga vo nivniot parlament ke ima pratenici od makedomskoto, turskoto ,albanskoto ,vlaskoto ,romskoto malcinstvo,a i doselenite od kafkas nareceni .kako pondi i doselenite od turcija madiri.itn