Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Скопјани ја игнорираат жолтата бариера на „Партизанска“

Во Градот сметаат дека поминало доволно време за навикнување, а сега на потег е сообраќајната полиција

Сања Наумовска

Скопските возачи не ги почитуваат жолтите гумени ленти на булеварот „Партизанска“. Бариерите, кои неодамна ги постави Градот Скопје за обезбедување на лентата за автобусите од јавниот превоз, засега не ја вршат својата функција. Наместо да обезбедат побрзо и поефикасно движење на автобусите, тие практично го истиснаа ЈСП од нивната лента. Сега, жолтата лента на „Партизанска“ ја користат сите кои сакаат да запрат или да се паркираат на тротоар.

Во отсуство на совест кај возачите, но и на казни од сообраќајната полиција, скопјани негодуваат дека на овој начин дополнително си ги уништуваат возилата. Велат дека тротоарите на „Партизанска“ се единственато паркиралиште кое им е на располагање, блиску до домовите, пазарот и трговскиот центар.

Во Градот Скопје, пак, велат дека жолтите ленти мора да си ја вршат функцијата, да му овозможат на ЈСП слободно да сообраќа по својата лента. Градските власти сметаат дека граѓаните се доволно и навремено информирани за важноста на проектот, поминало доволно време за навикнување, а сега на потег е сообраќајната полиција. Сите кои го попречуваат јавниот сообраќај мора да бидат казнети поради тоа што од функционирањето на жолтата лента зависи воведувањето на АЛВ-системот.

Во Градот се категорични - жолтите гумени бариери ќе продолжат да се поставуваат и понатаму на булеварите, според предвидената динамика. Ќе ги има, покрај на „Партизанска“ кај Буњаковец и на делови од улиците „Кочо Рацин“, „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“. Препреките се изработени од жолта пластифицирана гума, долги се еден метар, а високи 11 сантиметри. На средината имаат флуоресцентна лента, што значи дека се распознаваат и ноќе. Набавени се од фирмата „Бојта“, а за нив Градот плати 50.000 евра.

„Пред да почнеме да ги следиме автобусите дали го почитуваат возниот ред, мораме да им обезбедиме услови непречено да сообраќаат по булеварите. Засега има многу позитивни реакции од возачите на ЈСП, но и од граѓаните кои користат јавен превоз“, велат во Градот. Оттаму најавуваат и анализа дали возачите ќе треба дополнително да се едуцираат за корисноста од жолтите бариери или пак несовесните веднаш ќе бидат казнувани.


#
Статијата е прочитана 901 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 23.03.2009 17:58:52
Стока се дресира... не се учи. Треба поголеми казни за да се воведе ред. А гледам воопшто не спомнувате за тоа дека просторот заграден со лентите е претесен за автобусите па постојано возат со едното тркало надвор од заградениот дел. Треба да се води сметка за ова кога ќе се поставуваат на други места.
Од: student
Датум: 24.03.2009 00:35:13
Kako sto mozam da primetam dodeka vozam a i na slikava ako nekoj ne ja pocituva barierata toa se avtobusite bidejki vo ninata trka po patnici koja cesto e opasna se nema vreme za mislenje kako ke go pretrka toj pred nego vo edna lenta.Prvo pratete gi niv na kurs za vozacko odnesuvanje pa posle i site drugi zasto taa e za niv i sega se vozi na dve lenti mesto na tri HAOS
Од: victor
Датум: 24.03.2009 00:54:29
prvo neka se sankcioniraat vozacite na vozilata sto gi potkacuvaat na trotoar kolite... pa otkako ke gi nema niv dokolku avtobusite prodolzat da ne vozat po taa lenta neka se kaznat i tie.
Од: s.m
Датум: 24.03.2009 08:16:21
zamislete situacija 2 3 avtobusa vozat edev zad drug po obelezanata lenta.prviot zastanuva i vo nego se kacuvaat desetina patnici a za vtoriot nema patnici (ne im odgovara brojot). i toj treba da stoi i ceka da trgne onoj pred nego a onoj tretiot da gi ceka prvite dva!!!! toa sozdava nervoza kaj patnicite !!! ako avtobusite bi odele po nekoj vozen red koj navistina bi go pocituvale nema da ima nikakvi nervozi no vaka samo se kompliciraat rabotite!!!
Од: Димитар
Датум: 24.03.2009 10:22:08
Длабоко во 21 век во Скопје немаме синхронизирани семафори. Морало да се прави контролен центар од незнамсиколку пари за да го добиеме тоа. Колку ги бидува надлежните за организирање на сообраќајот гледаме од глупирањево со гумените ленти. И не им доаѓа памет дека не чини решението. 50000 се договорени и нема отстапување од нивно трошење, колку и да е тоа непродуктивно и штетно.
Од: Скопјанец
Датум: 24.03.2009 10:28:37
Глупост и промашена инвестиција. Наместо , надлежните да ангажираат барем еден полицаец (кои и така ништо не работат-сообраќајците) и да ги казнува несовесните возачи и придонесе во буџетот да се инкасираат средства кои повторно ќе бидат пренаменети за градот, потрошени се бројни пари за џабе. Ама, тоа ни е менталниот склоп. Чипот. За жал. Сообраќајците единствено работат на улиците кога минува претседателот или премиерот на државата. Тогаш е беспрекорно, а потоа? Хаос. Паркирани возила насекаде, по травници, тротоари и сл.
Од: тони
Датум: 24.03.2009 15:55:41
Последен од низата тендери на Трифун Костовски!Нее важно дали ова ќе функционира во пракса,важно парите се во џебот на Трифун!
Од: Aleksandar
Датум: 24.03.2009 16:56:18
Ova e najglupata rabora t.e.greska EDNA OD NAJGLUPITE raboti koi gi napravile od gradot vo ovie 4 god....SRAMOTA. Ne se resava problemot so kuzva i parkiranje so stavanje smesni ogradi i rampi na sekoj cekor...OCAJNO RESENIE VO NEDOSTIG NA LIDER I IDEI!!! Daj boze noviov gradonacalnik da e poogolem vizioner i da pravi BULEVARI i PARKINZI I ITE BEZPLATNI DA BIDAT, TAKA SE RESAVA PROBLEMOT VO SKOPJE, NIKOJ NEKE NA TROTOAR DA PARKIRA AMA KADE???? KADE???

Најди! во Утрински
Скопје
„Паркови“ ќе расчистува искршени дрвја од невремето
Светилки до куќата на Мајка Тереза
Населбите во Општина Аеродром на светлечки билборди
Четиринаесет странски фирми сакаат да ги градат трамвајските шини