Населбите во Општина Аеродром на светлечки билборди
Имињата на населбите во Општина Аеродром деновиве ќе бидат истакнати на светлечки билборди. Ќе се постават вкупно девет билборди кои ќе ги означуваат населбите Мичурин, Острово, Стар Аеродром, 13 Ноември, Јане Сандански, Бисер, Ново Лисиче и Лисиче и Горно Лисиче. Светлечките билборди се изработени од фирмата „Тиверија“, која ќе ја врши и монтажата. Средствата за оваа намена се издвоени од општинскиот буџет. (Дс.Т.) |