Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

И по три недели, случајот со Бошкоски се' уште е на почеток

Иако од апсењето и притворањето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, мината цели три недели, истрагата се' уште не е мрдната од мртва точка. Истражниот судија се' уште не го повикал ниту Бошкоски ниту неговиот бранител Љубомир Михајловски за да им ги презентира доказите што го товарат лидерот на ОМ за незаконско финансирање на предизборната кампања и за злоупотреба на службената должност.

„И во текот на вчерашниот ден се интересирав кога ќе бидам повикан од истражниот судија. И самиот не знам кога ќе ми бидат презентирани доказите со кои се осомничува мојот клиент“, вели адвокатот Михајловски.

Обвинувањата на сметка на Бошкоски се во насока на тоа дека на 6 јуни во скопскиот ресторан „Воденица“ примил 100.000 евра. Според МВР, тој со примените пари, наводно, требало да ги покрива трошоците што ги имала неговата партија во текот на изборната кампања.

Како ќе се одвива натамошниот тек од постапката, засега е неизвесно. Бошкоски обвини дека станува збор за по��итички монтитран процес и при неговото апсење одби да потпише записник за одземени предмети, тврдејќи дека стоте илјади евра ставени во кеса не биле негови.

За случајот со Љубе Бошкоски се заинтересира и Хелсиншкиот комитет за човекови права, кој констатирал несоодветен лекарски третман на притворениот, а во иднина фокусот ќе бил насочен и на начинот на кој лидерот на ОМ бил приведен. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 1241 пати.

Испрати коментар

Од: panagiotou
Датум: 28.06.2011 10:03:09
Patriotite vo zatvor, a teroristite od ONA I UCK na sloboda!!! Bravo Makedonci!!!
Од: bitola troa skolovan
Датум: 28.06.2011 13:24:13
A sega i ke go resavame i nivniot status
Од: Itar Pejo
Датум: 28.06.2011 13:42:00
Vladata se sprema nesto da podpise i neophodno e da se zacutat i neposlusnite mediumi i neposlusnite politicari. A sto ce podpise, neznam. Mozda Severna, mozda Vardarska ....

Најди! во Утрински
Хроника
Полицајците вежбаа пред Јанкулоска да не тепаат
Убиството на „тигарот“, пак, пред Врховен
На Беласица најден машки труп
Запленети 100 мрежи со риба

"""