Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Убиството на „тигарот“, пак, пред Врховен

Четворица се осудени за убиството на специјалецот Марковски

Врховен суд уште еднаш ќе го претресе случајот со убиство на специјалецот Зоран Марковски што се случи во декември 2007 година. Советот планира уште еднаш да ги разгледа сите докази и да ги препрочита жалбите што ги поднесоа четворицата осудени.

За убиството што се случи кај бензинската пумпа на „Макпетрол“, во скопската населба Маџари, како и за злосторничко здружување, на доживотен затвор беа осудени обвинетите Харун Алију познат како „Кушо“ (40), Исмаил Аќеми се прекар „Тиха“ (28) и Башким Бајрами (32). Беким Дарлишта (33) за непријавување подготвување кривично дело беше осуден на затворска казна во траење од три години.

Првостепената пресуда беше изречена во почетокот на февруари минатата година, а лани во октомври Апелациониот суд во Скопје ги потврди затворските казни. Во меѓувреме, беше запрена постапката за Харун Алију бидејќи во меѓувреме тој починал.

Максималните затворски казни дојдоа по тврдењето на Обвинителството дека осудените формирале криминална група што имала цел да се одмазди за ��астаните од од тетовски Бродец. Групата долго време го следела полицискиот џип, по што се случил и нападот во кој загина „тигарот“ Зоран Марковски, а четворица негови колеги беа повредени. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 1402 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Полицајците вежбаа пред Јанкулоска да не тепаат
И по три недели, случајот со Бошкоски се' уште е на почеток
На Беласица најден машки труп
Запленети 100 мрежи со риба

"""