Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Полицајците вежбаа пред Јанкулоска да не тепаат

Три недели откако специјалец претепа 22-годишно момче, „алфите“ нудеа професионално лице

Горан Адамовски


Дваесетина дена откако полициски специјалец претепа до смрт 22-годишно момче, припадниците на МВР пред очите на министерката за внатрешни работи, полицискиот врв и медиумите во земјава, демонстрираа како работат на терен. Легитимираа, апсеа криминалци, насилници што тепаат жени, се бранеа од луѓе што со ножеви се обидуваа да се спасат од приведување. Применувајќи ги вежбите беспрекорно, „алфите“ се обидуваа да остават впечаток на добро истренирана екипа, која во ниту еден момент не ги загрозува човечките слободи и права и не ги прекршува полициските норми и правила.

Дваесетминутното сценарио во Центарот за обука на МВР во Идризово предвиде седум вежби. Во сите седум исценирани ситуации, припадниците на Мобилната единица за борба против уличниот криминал постапуваа најкоректно колку што дозволуваа ситуациите. Најнапред им се претставуваа на „жртвите“, на ку��турен начин бараа од нив да се легитимираат, а доколку даваа отпор или, пак, напаѓаа, го совладуваа без притоа да употребат прекумерна полициска сила. Поточно, воопшто и не го удираа противникот. Не го ни легнуваа на земја, како што беше случај со дел од апсењата што беа интересни за јавноста. Според министерката Јанкулоска, која задоволно ги следеше вежбите, невозможно е да се предвидат сите ситуации на терен, а реакцијата на полицајците зависи дали и колку лицето кон кое се постапува дава отпор, околностите при кои се извршува приведувањето и сл.

Физички вежби, трчање, боречки вештини, кондициски подготовки се дел од секојдневните обврски на полициските специјалци. Една третина од времето „алфите“ го минуваат вежбајќи како да се справат со одредени ситуации на терен. Бројките покажуваат дека во првите месеци од годинава тие извршиле над 5.000 легитимирања, а привеле повеќе од 1.500 лица. Но, поплаките на граѓаните најчесто се на бруталноста на „алфите“, за кои се зборува дека „прво тепаат, а потоа прашуваат“.

„Полицајците имаат можност за дополнителен тренинг штом проценат дека има потреба за тоа. Најважно е да стекнат искуство за процена на ситуацијата на терен и да реагираат соодветно без да ја прекршуваат етиката и правата на граѓаните“, вели министерката.

Етиката и правата на граѓанинот грубо беа прекршени пред повеќе од три недели на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје кога полициски специјалец претепа до смрт 22-годишно момче. Убиството беше повод за секојдневни протести на младите, кои бараат целосно расчистување на случајот и одговорност од сите инволвирани. Меѓу другото, тие бараат средба и со првата полицајка, која вчера рече дека ќе ги прими нивните претставници. Додека се чека разрешница на трагичниот случај, полицајците ќе се обидуваат да ги уверуваат своите надлежни и јавноста дека не ги прекршуваат своите овластувања кога излегуваат на терен.


#
Статијата е прочитана 1843 пати.

Испрати коментар

Од: Djuro
Датум: 28.06.2011 00:43:27
E ama koga zrtvata ke prasa najucitivo" Zasto me tepate" ili pak nekoj poprost "Zasto me tepas", e togas doadja kulminacijata. Na policaecot mu se zakrvuvaat ocite i od nego prozboruva negovata licnost - NASILNIK I NISTO DRUGO NEGOLI OBICEN KRIMINALEC. Gospodjo ministerke. Ne se preobrazuva taa banda za tri nedeli. Nikoj ne se somneva vo nivnata fizicka spremnost. Problemot e vo mentalnata. Nivvniot mentalen sklop funkcionira kriminalno. Podobro e da zaposlite duzina psiholozi i psihijatri za da pocnat da rabotat so taa razularena grupa. Samo tolku za denes
Од: cuci
Датум: 28.06.2011 03:38:29
da be vezbaat ,,,ama go utepaa momceto...prasajte ja nezinatra majka kako i e.........i plus pred kog pred jankullovksa...i ocekuvate taa da kaze deka ne rabotat pravillno....pa ona gi sozdala......................jaka drzava zato e taka.....site kriminallci se alfi ..pozzzzzzzzzzzzzzzzz
Од: даниел
Датум: 28.06.2011 03:54:22
Мене ме имаат запрено со истово возило на сред Антон Попов... кај што има само една лента и тротоар ... и без да се легитимираат ми бараа документи...по што следуваше расправија дека не сум бил јас тој од нив да барам легитимации :) ... па побогу секој сељак може ротационо да стави на цивилна кола и да запира луѓе на улица... на чело да не им пишува дека се полиција... па сега проценете сами за нивниот „професионален“однос
Од: strumicanec
Датум: 28.06.2011 07:41:28
Eeee Gorane, Gorane od takvi novinari ne ne biva. Naslovot ti e bez komentar. Nema da se osvestete uste mnogu godini. A sto misli sto pravese armijata pred nekoj mesec na Krivolak, vezbase kako da ne ubivaat. Zalno za tebe. Zatoa i tolku vi go kupuvaat vesnikot.
Од: xxL from PP
Датум: 28.06.2011 08:07:26
Ribata od glata smrdi! Goco odisi!
Од: mene
Датум: 28.06.2011 14:04:19
Koj si ja ima muvata na kapata sam si ja ishka.... Demek se e kako shto treba, strogo soglasno akonite (shto bi rekla damata so mustaki). More marsh u bestraga i alfi i MVR i se zivo i divo!!!! Ova ne e drzava ova e CIRKUZ. Ama koga ima glup narod da aplaudira taka ke bide.!
Од: od zoki
Датум: 28.06.2011 15:53:28
pozdrav do site zlonamernici koj ne znaaat sto sakaat ovaa edinica e nemeneta za borba protiv kriminal taka da za nas ne vazat opstite pravila sto vazat za uniformata,nie rab vo civilka i so civilni vozila ne obelezani a ne daj boze na nekoj od vas moze da mu zatrebame i posle ke vikate deka ste imale pogresno mislenje za nas
Од: skopjanec
Датум: 28.06.2011 16:20:34
hahahahaha, pokazana profesionalnost i ekspresnost na teren ??? alooooo imaat lugeto krv na racete od mlada licnost ... toa ne se pere taka lesno , najmalku preku pofalbi od uspesna realizacija na vezbi ... samo eden jak tim na psihijatri mu e lekot na divljacite so znacki .pozz
Од: slobodan
Датум: 28.06.2011 18:24:07
socuvstvo do roditelite na ubienoto momce,samo tie znaat kako im e,vo policijata ne treba sekoj da raboti i toa e vo red,megutoa sakam da mu kazam na daniel ili koe e negovoto vistinsko ime,ne e vo red gospodine da vikate selak,bidejki selanecot e ispecen i mudar i gord na sebe,vie kako individua go kazavte svoeto,poveke ne e potreben komentar.

Најди! во Утрински
Хроника
И по три недели, случајот со Бошкоски се' уште е на почеток
Убиството на „тигарот“, пак, пред Врховен
На Беласица најден машки труп
Запленети 100 мрежи со риба

"""