Запленети 100 мрежи со риба
Едно лице е откриено при вршење незаконит риболов, а запленети се еден метален чамец, шест рибарски мрежи за лов на белвица со должина по 50 метри и шест килограми риба белвица во водите на Преспанското Езеро, при акциска контрола на полицијата за граничен надзор Стење.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во езерото наспроти селото Асамати бил откриен З.Г. (28) од Ресен при вршење незаконит риболов и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На петстотини метри од брегот на Преспанското Езеро, наспроти месноста Сирхан, се запленети 16 мрежи со должина по 50 метри.
На различни позиции во езерото биле пронајдени уште 92 рибарски мрежи со должина по 50-ина метри, односно со вкупна должина од 4.600 метри, а во дел од нив и улов од десетина килограми крап и четириесетина килограми белвица.
Припадниците на Полициската станица за граничен надзор на Охридското Езеро пред десетина дена јавно уништија 1.440 рибарски мрежи со вкупна должина од околу 70 километри. Тогаш беше соопштено дека во тие активности полициските службеници заплениле околу 350 килограми риба, а биле поднесени пет кривични пријави прот��в осум лица. (МИА)
|