Грозјето во казаните за ракија
КАВАДАРЦИ - Квалитетно грозје од Тиквешијата годинава заврши во казаните за ракија. Лозарите се' уште го собираат здравиот род од нивите наменет исклучиво за домашна преработка. Тие се' уште се надеваат на ветените субвенции.
Премиерот Никола Груевски при последната посета на Тиквешкиот регион ги уверуваше лозарите дека Владата во најкус рок ќе ги исплати парите. Но сепак не прецизираше датум кога државната поддршка ќе стигне до лозарите.
„Ќе вложиме максимални напори субвенциите да се исплатат за што пократко време“, вети Груевски. (А.Д.) |