Стипендии за македонски студенти
Европски и американски универзитети вчера се претставија на саемот „Стипендии ЕКСПО 2010“, кој прв пат се организира во државава. Универзитетите ги презентираа своите програми за македонските студенти, за што им се обезбедени делумни или целосни стипендии. Од странските универзитети се претставија грчкиот „Перотис колеџ“, „Central European university“ од Будимпешта, потоа „Тасмак“ бизнис-школата од Лондон, како и Политехничкиот универзитет од Милано. На саемот, кој го организираше Образовниот информативен центар, присуствуваа и домашните универзитети. (Ж.Ѓ.) |