Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Забава

Автомобили

„Хјундаи и10“ - Штедлив и практичен мал градски автомобил

Корејскиот лилипутанец изненадува со функционалноста, економичноста и атрактивната цена

Владимир Ристовиќ

Корејскиот градски автомобил „и10“ е возило со симпатичен дизајн и многу доблести кои како што изминува времето во дружењето со него се' повеќе ве освојуваат. Неговите димензии и високата форма нудат голем комфор во мало пакување. Малиот автомобил позитивно ги изненади пребирливите европски купувачи. Спакуван во 3,5 метри должина, но со висина поголема од 1,5 метар изненадува со пространоста. Во него можат да седат пет возрасни патници и единствено може да им биде тесто само во просторот кај рамениците. Место за колената и главата има доволно. Со својата појава симпатичната предница со големи бистри очи и хромираната маска привлекува внимание кај возачите. Но, како што споменавме, во него се вљубувате на „втор поглед“. Со практичноста и со економичноста просто ве соборува од нозе. Седиштата се добро профилирани, не претерано меки. Пластиката и ткаенините во ентериерот се направени да траат. Ја нема префинетоста, но затоа, пак, економичноста, практичноста и функционалноста се на прво место.

Срцето на „и10“ е четири цилиндарски бензинец со зафатнина од 1,2 литри и сила од 77 КС. Агрегатот на еден тон тешкиот автомобил му обезбедува солидни перформанси: забрзување до „стотка“ за малку повеќе од 12 секунди и максимална брзина од 164 км/ч. Но, најважно од се' е неговата економичност, во просек троши под пет литри на 100 км. Иако мал, има солиден багажник со волумен од 225 литри, но со соборување на задната клупа, може да проголта товар од над 900 литри. Во град се пробива како шило, а малиот габарит му овозможува едноставно пронаоѓање паркинг-простор. На отворено при брзина од 120 км/ч моторот култивирано работи и не заморува. Иако е висок не се наведнува при влегување во свиоците, се разбира, ако не сте тркачки расположени.

Комфорот го гарантира мануелниот. Но, суперефикасен клима-уред, а сетот воздушни перници, диск-сопирачките со АБС гарантираат безбедно запирање. И за крај, шлагот на тортата - „хјундаи и10“ можете да го имате веќе од 6.990 евра. Навистина суператрактивна понуда.

„Гембала Торнадо“

„Гембала“ (Gemballa), познато тјунер на „Порше“ се враќа на сцена со нов проект, доработка на новата генерација на Порше каен. Првата креација од новата серија на „Гембала“ е наречена „торнадо“. Има каросериски делови изработени од лесен и цврст карбон-фибер. Без малку сите челични делови на каросеријата се заменети со делови од карбонфибер. Импресивни детали се: отворите во хаубата со купола на врвот, големите отвори за довод на воздух напред, четирите издувни цевки назад. „Торнадо“ е 70 кг полесен од Каен. Со помош на новите панели на каросеријата, комплетно е сменет ликот на спортскиот теренец. „Торнадо“ изгледа како да е во полн налет и кога стои. За внатрешната доработка многу малку се знае. Но, сигурно е дека ќе биде луксузна. „Торнадо“ има „дотеран“ 4.8 литарски турбо V8 мотор со 580 КС и камионски вртежен момент од 1.000 Nm. Во следната фаза „Гембала“ ќе го „навие“ овој V8 на 700 КС. „Торнадо“ има 22 инчи бандажи од лесен метал и пневматици со димензија 295/35 напред и 335/30 назад. Тука се и моќни сопирачки на „Брембо“, напред и назад дупчени и жлебени, вентилирачки дискови, напред со дијаметар од 420 mm, со клешти со шест клипа, а назад 405 mm, со клешти со четири клипа.

„Еуроимпекс“ и „Пежо“ две децении во Македонија

Еуоимпекс почна со работа пред две децении. Компанијата во сопственост и управувана од семејството Воиновски 20 години ниже успеси на повеќе полиња во автомобилската индустрија. „Еуроимпекс“ е еден од првите увозници од државава што минал со успех многу пречки и по се' се задржал на врвот, меѓу другото, ова беше речено на свеченоста по повод одбележувањето на јубилејот во клубот „Колосеум“.

Пред голем број гости на гламурозната прослава говореа сопствениците Кирил и Даниел Воиновски. Тие се осврнаа на изминатиот пат и ги потенцираа насоките на развојот на компанијата. На прославата централно место имаше и атрактивниот нов модел Пежо RCZ , базиран на „Пежо 308“, но со спортска става, висока само 1.320 мм и мала маса од 1.200 кг. Атрактивниот спортист располага 1,6 литарски турбобензинец што му овозможува врвни возни својства: забрзување до „стотка“ за 8 секунди и топ-брзина од 215 км/ч, со просечна потрошувачка од само 6,5 литра. Стартната цена е 29.960 евра. Во понуда се и посилната 1,6 литарски изведба со 200 кс и 2,0 ХДИ со 163 кс. Инаку, во „Еуроимпекс“,увозник на возилата на „Пежо“, работа околу 80 лица и тоа во импортерски центар во Скопје и 15 дилерски места. За 20 години, продадени се над 15.000 возила, со што е лидер на македонскиот пазар. Освен за возилата „Пежо“, „Еуроимпекс“ е застапник и за маслата „тотал“, програмата на алати за брендовите Bahco, Milwaukee, AEG и Irimo и за акумулаторите Banner. За пријатната атмосфера во „Колосеум“ се погрижија естрадните ѕвезди Калиопи, Каролина Гочева и Влатко Лозановски, заштитни лица на „Еуроимпекс“.

Пристигна новиот „БМВ Х3“

Новиот „Х3“ на свеченост организирана од „Маккар“ во рамките на увозниот центар блесна во полн сјај. Пред голем број гости беа истакнати предностите на новиот SUV од Минхен: атрактивен дизајн, премиум квалитет и технолошки решенија. Втората генерација на „Х3“ е поголема (38 мм подолг, 28 мм поширок и 12 мм повисок, со 15 мм подолго меѓуоскино растојание од претходникот) и има и нови мотори. Багажникот е со поголем волумен, 550 литри во основа, а со соборување на задните седиште нараснува на 1.600 литри. Внатрешноста е целосно редизајнирана, со нови материјали, нова инструментална табла, нов дисплеј од 8,8 инчи....

„BMW X3“ во почетокот на продажбата ќе биде достапен како xDrive20d и xDrive35i. Новиот xDrive20d има четири цилиндерски common-rail 2.0 turbo дизел со 184 KС и 380 Nm вртежен момент и шестстепен мануелен менувач (осумстепениот, автоматски е опција). Од 0 до 100 км/ч забрзува за 8,5 секунди, а топ-брзината е 210 км/ч. Просечната потрошувачка е 5.6 л/100км. Изведбата xDrive35i шестцилиндерски би-турбо, со 306 КС и 420 Nm до „стотка“ забрзува за 5,7 секунди, а максималната брзина е 245 км/ч. Набргу се очекуваат и трилитарски „бензинец“ со 240 KS и 2,0 литарски и дизел со 204 KS. Сите xDrive се опремени со последната генерација на погон на сите тркала. Почетна цена е 42.890 евра за изведбата xDrive20d.

Прв стоп-сервис во Македонија

Деновиве во Скопје е отворен првиот „Фрст стоп-сервис“ за гуми и фелни, резултат на успешната соработка на македонскиот дистрибутер „Европа гуми“ и „Бриџстоун Европа“. Во светот, „Фрст стоп“ се развива како сервис за гуми и фелни за возила и во својата понуда нуди разни услуги и производи од реномирани брендови. Овие сервиси се во сопственост на гумарскиот гигант „Бриџстоун“ или на партнерски фирми, како што е случајот во Македонија. Центрите се опремени со најсовремени алати за монтирање, балансирање и поправки на гуми и фелни, но и проверка на сопирачки, издувни системи и промена на масло... Во секое време располагаат со богата лагер и со обучен кадар. Со над 2.000 продажни места, „Фрст стоп“ е еден од најголемите сервисни синџири за гуми и фелни во Европа. Задачата на центрите е на клиентите да им понуди повисок квалитет на услуги. На оваа мрежа годишно се приклучуваат 150 нови партнери. На промоцијата присуствуваа гости од Јапонија, Франција и регионални партнери на „Фрст стоп“.


#
Статијата е прочитана 484 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Сака да се смири со сопругот
Ја изневерил Ванеса со 19-годишна манекенка
„Љубојна“ за Свети Никола во МЦМ
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks