Џони Деп
Ја изневерил Ванеса со 19-годишна манекенка
Иако со години е прогласуван за најпосакуван маж на светот поради својата верност и предаденост на сопругата (иако невенчана) Ванеса Паради, Џони Деп се чинеше дека е недостапен за која било друга жена. Но, ако и' се верува на 19-годишната манекенка Кристен Стивенсон-Пино, сепак, Деп не е такво невино суштество, како што се чини. Имено, убавицата раскажала за американскиот таблоид „Стар“ дека Деп неодамна ја поканил во својата приколка и и' рекол дека е најубавата жена што некогаш ја видел. Таа се согласила и, како што вели, не зажалила.
„Во приколката останавме со часови. Тој е најсовршениот љубовник што можете да го замислите“, открила Кристен. Таа додала дека се шегувала со актерот дека го посакува во комплет со Орландо Блум, но тој, наводно, и' одговорил дека ја посакува само за себе. И по аферата, Џони се обидел да контактира со 19-годишната манекенка, но таа го напуштила Лос Анџелес.
Актерот живее во заедница со Ванеса Паради веќе 12 години и имаат две деца, 11-годишната Лили Роз и 8-годишниот Џек. Актерот не одговорил на приказните на дрдорливата манекенка, а таа сега се колне дека секој нејзин збор е вистинит и дури некои нејзини колеги ќе потврдат дека Џони се распрашувал за неа. |