Елизабет Харли
Сака да се смири со сопругот
Елизабет Харли се нашла сама и понижена откако го оставила љубовникот Шејн Ворен. Австралискиот спортист го оставила откако дознала дека праќал пораки на 44-годишната Адела Анџелери, мажена мајка на две деца. Шејн и' пратил на Адела над сто пораки, а во тоа време ја одржувал и романсата со мажената актерка. Поради сето тоа, Лиз е очајна и сака по секоја цена да му се врати на својот сопруг Арун Најар. Сепак, сите надежи пропаднале кога Арун ја одбил.
„Лиз сфати каква будала била кога му се јавила на Арун да му каже дека и' е многу жал и дека сака да и' прости. Но, тој не сака ни да слушне за тоа и се' уште сака колку што е можно побрзо да се разведе“, открил извор близок на парот.
Освен тоа, Арун неодамна е виден како бакнува непозната жена во јавноста. Се зборува дека индискиот тајкун ја предупредил Лиз дека нејзиниот нов избраник е женкар, а наскоро и се' се дознало. И покрај љубовта на Ворнер со различни жени, наводно, скршен е поради тоа што ја пропуштил својата можност за љубов со британската убавица. По сите немили настани што ја погодија неговата врска со Елизабет, тој на својот профил на „Твитер“ напишал дека за љубовта треба да се бори и да се цени. |