Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Поради кризата, му ја намалиле дневницата од 23 денари на 18,5

Кирил Маџунаров за само 560 денари месечно секојдневно врши метеоролошки мерења

Иван Бојаџиски


Штип - Шеесетгодишниот штипјанец Кирил Маџунаров за само 560 денари месечно секојдневно врши метеоролошки и хидрометеоролошки мерења за потребите на УХМЦР. Станувајќи пред седум часот и во атарот на штипско Ново Село точно навреме извршувајќи десет метеоролошки обврски, Маџунаров дневно на својата „сметка“ прима по 18 денари за секој одработен ден! Оваа работа штипјанецот ја врши од 1993 година, наследувајќи го својот татко Тодор, кој секојдневно ги набљудувал водостојот во Брегалница, наносите во речното корито, врнежите, температурата на воздухот и на водата во реката од 1979 година до денот кога го наследил неговиот син.

„Со Управата за хидрометеоролошки работи имам договор, со кој сум се обврзал секој ден, точно во седум часот да извршам десет хидрометеоролошки работи. Од набљудувања на врнежите од дожд или снег, до мерење на нивото на водата во реката Брегалница. Сето тоа го забележувам во своите книги, а на крајот од месецот правам извештај и го испраќам до УХМЦР. Иако во договорот стои дека сум ангажиран за повремени вршења работи, јас, сепак, морам секое утро да ги констатирам и да ги забележам сите тие работи“, вели Маџунаров.

До пред две години тој за овој ангажман бил „наградуван“ со 700 денари месечно, но минатата година до него стигнало известување дека хонорарот ќе му биде намален за 20 проценти. „Ме информираа дека причина за тоа била светската економска криза, иако за време на кризата платите во сите државни институции беа зголемени. Односно, дека дневницата од 23 ми се намалува на 18 денари. Ама, јас се чувствувам убаво што можам да кажам дека дека сум дал придонес Македонија најбезболно да ја преброди кризата во економијата“, саркастичен е Маџунаров.

Сепак, од неговите дневници, кои исклучително педантно ги води цели осумнаесет години, можат да се видат многу интересни работи, особено по прашањата на врнежите во Штипско и водостојот на најголемата река во Источна Македонија во нејзиниот долен тек. „Во последните две децении Брегалница остана речиси без вода во 1993 година кога преку целото лето од браната Калиманци во речното корито се испушташе само биолошкиот минимум за да не се случи да го снема растителниот и животински свет во неа. Тоа лето и Штип имаше силни рестрикции во водоснабдувањето, бидејќи градот се снабдува со вода од бунарите покрај реката кои останаа на суво. Во во јули, 2007 година, во Штипско не падна ниту капка дожд. За разлика од тие сушни периоди, од минатата есен наваму во Брегалница течат големи води, најголеми во последните пет децении, а нивото на водата во континуитет е над два метра. Според моите анализи, во едно деноноќие низ реката протекува огромна количина вода од над 4,5 милиони кубни метри. Друг проблем е што ние немаме стратегија да ги ставиме тие силни води во служба на економскиот развој на државата“, вели Маџунаров.

Овој упорен штипјанец ќе продолжи да си ја врши работата како што го правеше тоа во изминатите осумнаесет години само поради тоа што такво ветување му дал на својот татко. „Подготвен сум на нова жртва, на ново намалување на мојата дневница, ако е тоа услов сосема да закрепне нашата ��ационална економија “, на шега вели Кирил Маџинаров.


#
Статијата е прочитана 5051 пати.

Испрати коментар

Од: загрижен македонец
Датум: 12.04.2010 00:08:11
Жив срам за УХМЦР. Да биде срамот барем малце покриен одма нека ја поправат грешката и јавно да се произнесат.
Од: Цеце
Датум: 12.04.2010 00:35:37
Жално, како е можна толку ниска плата? Од што живее човекот?
Од: Vane - Kavadarci
Датум: 12.04.2010 01:27:27
Епа сеа ти види !
Од: enit
Датум: 12.04.2010 01:40:30
Mizerno...mi zvuci kako vo africkite drzavi i tamu sigurno poveke zemat plata cccc nemam komentar stvarno da se zgrozi covek
Од: eva
Датум: 12.04.2010 01:43:04
tesko na drzavata na koja i se potrebni 5-te denari od ovoj covek za da ja prebrodi svetskata ekonomska kriza.
Од: pavle ALIMASKA,prilep
Датум: 12.04.2010 08:55:06
би било многу смешно да не е трагично,но кои се тие што тоа го направиле,кажете ги со име и презиме,не да ги криете ВИЕ НОВИНАРИТЕ.
Од: .......
Датум: 12.04.2010 09:06:04
boze gospode kakvi luge ima vo vlasta covekot ne moze ni leb da si kupi vo denot posto e poveke od negovata dnevna dnevnica....sramota
Од: joco
Датум: 12.04.2010 09:19:42
So sreka i za ubavo da si ja trosis zarabotuvackata.Verovatno ti ostanuva nesto i za donacii,pa prefrli nekoj denar na vladata.
Од: gv
Датум: 12.04.2010 10:18:54
Golema sramota.Dali platite na ministri se namaleni i pomalku da koristat avtomobilite.Prerobata na 100 cekori prodolzuva .Kade si be makedonce.
Од: ilija
Датум: 12.04.2010 10:22:31
BRUUUKKKAAAAAA a onie kokonite po TV za dva zbora za vremeto ni krivi ni dolzni ke si go napolnat dzepceto........
Од: мите
Датум: 12.04.2010 10:31:14
Од оваа штого прочитав,се гледа дека господинот Маџунаров со голема љубов ги извршува зададените задачи,па не би ме зачудило ако господата од УХМЦР повторно го ,,унапредат„ и воопшто нема да му плаќаат.
Од: od svetska
Датум: 12.04.2010 10:39:28
sramota za drzavata i za parlamentot. Ako saka vladata da stedi netreba da stedi od siromasite nego site sto se vo parlamentot - vo vladata i site sto zimaat debeli plati treba 50% dase namalat platite e togas MAKEDONIJA KE NAPREDUVA I cveta i merisa ubavo vo svetot. Togas narodot ke znae da vladata misli za narodot a ne za svojot zjep.
Од: marika cair
Датум: 12.04.2010 10:55:30
200mil evra za spomenici i crkvi a narod na leb i sol???????????????????+
Од: SSS
Датум: 12.04.2010 11:29:26
Sramota bre, dajte ne se zafrkavajte, od toa da ne izleze Makedonija od recesija??? Prasanjeto e za Stavrevski. Dajte mu go na covekot toa sto go zasluzuva, sramota i greota e!!!

Најди! во Утрински
Македонија
Македонија на насловната страница на „Стејт магазин“
Бамир Топи - почесен граѓанин на Дебар
„Весна - САП“ промовира нов хибриден акумулатор
Тетовската полиција со нови раководители