Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Македонија на насловната страница на „Стејт магазин“

Македонскиот туристички центар Охрид се најде на насловната страница на априлското издание на „Стејт магазин“, списание што го издава американскиот Стејт департмент. Под наслов „Македoнскиот бисер на Балканот“, Охрид, всушност, ја најавува темата на бројот во кој нашата земја го зазема централното место. Покрај насловната, на Македонија и' се посветени уште шест страници на месечникот, каде што се дава пресек на македонската историја, но и на силните врски што ги има нашата земја со САД, сето тоа илустрирано со повеќе атрактивни фотографии.

Во поднасловот на текстот се наведува „Древната Македонија гради модерна демократија“. Автор е Стефани Роуланд, сопруга на Рајан Роуланд, кој е надлежен за односи со јавност во Американската амбасада во Скопје.

Во текстот се потсетува дека Охридското Езеро е под заштита на УНЕСКО, но исто така, се додава дека весникот „Њујорк тајмс“ го вброи како едно од 31. место во светот што треба да се посети во 2010 година. Посебен наслов е издвоен за Скопје и за можностите што ги нуди градот и околината за рекреација. (М.Ј.)


#
Статијата е прочитана 3357 пати.

Испрати коментар

Од: silvester,sidnej
Датум: 12.04.2010 02:07:56
Mnogu ubavo sto da se vidi. Crkvi , novi djamii povisoki od planina i vednas do nea ruinirani siromasni sela. A baska sto kutrite turisti od Amerika tesko ke moze da najdat avio konekcija do Skopje. Ako e do crkvi i djamii ima mnogu drugi drzavi sto moze da ponudat mnogu poveke od nas.
Од: frankfurt
Датум: 12.04.2010 09:19:06
Frankfurt na Majna, Prilep na lajna, a Ohrid vo fekalii i propadnatai infrastuktura i ogrden centar. i potonati brodovi. Dzabe shto da pishuvaat koga vistinata e poinakva. Daleku e sonceto od biser.
Од: Macedonia
Датум: 12.04.2010 11:31:13
Замисли како ги почитуваат нашите убавини, нашите „иселеничиња“, а некој кажа дека ако треба и два долара ќе дадат за „својата“ држава - аман не ни помагајте, па макар и со коментар.
Од: nekoj
Датум: 12.04.2010 13:28:05
'macedonia", mislam deka ovie omentari od "iselenicite" pomagaat mnogu t.e. ni kazuvaat deka bez dobri konekcii, infrastruktura "ubavina" ne se prodava t.e. nema nikoj da dojde.. Zborovite se ubavi, no makedonskiot mentalitet se uste pati od "nekoj saka da mi napravi loso, nekoj me negira, iselenicite mi zboruvaat loso".. Da se kaze vistinata e dobro, zasto taka se stanuva svesen za ona sto fali pa moze da se popravi.
Од: makedonec
Датум: 12.04.2010 14:03:26
kako ne im e sram na ovie gasterbajterive aj be gledaj te si rabota ne mora da doagate sedete si tamu i nas ni e poubavo bes vas
Од: Trene
Датум: 12.04.2010 15:00:07
Makedonija bila i ke bidi najubava. Negiranjeto na Makedonskata samostalnost od nadvor ne tera nas Makedoncite megju sebe da nemame sorabotka, toa e problemot, i eve i primer vo komentarite. So pocit se nadminuva i toa, a taka ke bide zaslabnata i pozicijata na negatorite. Napred Makedonija!
Од: Tose
Датум: 12.04.2010 15:51:04
Drugarcevo od sidnej mn se iznervira za svojata tatkovina od sto ja saka zaminal sidnej pa i gordo komentira protiv ...tesko na makedonija so vakvi kako tebe

Најди! во Утрински
Македонија
Поради кризата, му ја намалиле дневницата од 23 денари на 18,5
Бамир Топи - почесен граѓанин на Дебар
„Весна - САП“ промовира нов хибриден акумулатор
Тетовската полиција со нови раководители