Бамир Топи - почесен граѓанин на Дебар
Дебар - За посебни заслуги во промовирањето на меѓуграничната соработка и доближувањето на нациите и државите, албанскиот претседател Бамир Топи ќе биде прогласен за почесен граѓанин на Дебар. Тој, во рамките на посетата на Македонија, во Дебар ќе престојува денес, кога ќе му биде врачено признанието. Иницијативата за доделување на ова почесно признание на Топи е на градоначалникот Аргетин Фида. Досега за почесни граѓани на Дебар се прогласени: Сине Холан од норвешката невладина организација „Норвак“, Ферит Дибра - познат албански биолог по потекло од Дебар и Николас Кнауф, сопственик на компанијата „Кнауф“. (МИА)
|