Број 3463  среда, 22 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
На прво место

Митриновски нема да избега од одговорноста за Бајруш?

Претседателот на Судскиот совет, Васил Грчев, вчера ги потврди информациите на „Утрински весник“ дека двајца апелациони судии поднеле оставка. На утрешната седница на Советот ќе бидат констатирани оставките на Јордан Митриновски од претседателската функција во скопска Апелација и на Исмаил Лимани од судската. Но, како што појасни Грчев, без да споменува конкретни имиња, тоа не значи дека ќе биде прекината постапката за утврдување на одговорноста на едниот од нив, кој нема да биде повеќе претседател, но останува судија, за случајот со притворот на Бајруш Сејдиу. Ваквата информација дојде по шпекулациите во јавноста дека Митриновски веќе се испазарил да се повлече од челната позиција за да го задржи судското место.

На вчерашната средба со новинарите, Грчев негираше дека тој или некој друг член на Советот извршиле притисок врз двајцата судии. Тој објасни дека откако утре ќе бидат констатирани оставките на двајцата судии од скопска Апелација, ќе биде назначен и вршител на должност претседател од редот на судиите од истиот суд. Наследникот на Митриновски ќе се избере од оние кои што добиле највисоки оценки за време на последната проверка на работата на скопските апелациони судии во 2008 година. Грчев го оцени судот во глобала како „добар“, но, како што рече, подобри резултати покажале повеќемина граѓански судии што биле рангирани со „многу добар“, додека кривичарите, главно, со „добар“. На истата седница ќе биде распишан и оглас за избор на нов претседател на скопска Апелација.

В четврток ќе биде отворено и прашањето за одговорноста на Митриновски како судија, кое сега е во фаза на иницијатива од Врховниот суд, кога ќе биде одлучено да се формира и комисија која ќе го испита овој случај. Сепак, Грчев нагласи дека не смета оти утврдувањето на одговорноста станува беспредметно по оставката на другиот судија. Тој потсети дека со новите законски промени е внесена и новина, па во иднина во ситуации кога некој судија ќе даде оставка во време кога е почната формална постапка за утврдување на неговото нестручно и несовесно одлучување, тоа и ќе биде констатирано. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 596 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 22.12.2010 14:42:52
Portokalova boranijo, eve gledajte koj jade zivi lugje, koj unistuva karieri gradeni 40 godini, koj od ulicar so osnovno obrazovanie stanuva direktot i odi na odmor na Maldivio?? Toa e prerodbata????

Најди! во Утрински
На прво место
Груевски ќе остане, но кој ќе си оди!?
Буџетите на клиниките поголеми за 10 проценти
Тендерите ја задушуваат конкуренцијата
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks