Број 3463  среда, 22 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
На прво место

Тендерите ја задушуваат конкуренцијата

Фирмите сметаат дека нема фер натпревар во добивањето бизнис

Катица Чангова


Три машини за обработка на дрво и изработка на мебел, промет од 21 милион денари во последните три години, копии од најмалку три договори вредни три милиони денари, листа на изведени работи во последните 10 години, со вредности, датуми и примачи, списоци за докажување на квалификуваноста на кадарот... Ова се дел од условите за фирма што треба да опреми три згради со мебел, односно да земе бизнис вреден 814.000 евра. Во оваа постапка за јавна набавки со исклучително високо поставени критериуми се пријавил само еден понудувач. Клучното прашање е зошто на огласот на државната институција немало конкуренти со целосна понуда за набавка на мебел и опрема ако се знае дека индустријата за производство на мебел во земјата брои 500 фирми.

„Трендот на намалување на конкуренцијата и натаму продолжува, а еден од можеби најлесно воочливите фактори за тоа е високото поставување на критериумите што треба да ги исполнат фирмите за да учествуваат на тендерите. Ставањето акцент врз минатото искуство на фирмите, инсистирањето на голем број вработени и минимум опрема логично го стеснува кругот на потенцијални понудувачи на големите компании со долгогодишно искуство и ги обесхрабрува поголемиот број економски оператори да се пријават. Оттука, наместо со објавата на огласот да се иницира, всушност, се губи интензитетот на конкуренцијата, а наедно и можноста за поголема ефикасност и економичност на набавката“, изјави Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации, кој редовно ги мониторира тендерите. Таа предочи дека најчестите коментари на компаниите се дека дел од огласите за доделување договор за јавна набавка наместо да ја иницираат, ја задушуваат конкуренцијата.

Дека е така потврдуваат многу примери. Годишен обрт од 50 милиони денари во последните три години поединечно е услов што се поставува за учество на фирма од која треба да се набави постелнина и обувки! За изградба на инфраструктурен објект компанијата е обврзана да достави детали за профилот на вработените и за видовите опрема.

Има и случаи за превисоки стандарди, кои честопати можат да се протолкуваат и како тенденциозни. Така, на пример, во постапка за набавка на физичко обезбедување на објект на државна институција, се дефинира висока бројка на вработени во агенцијата (минимум 200 и минимум 200 легитимации), референтна листа за минимум 7 корисници на услуги, но и барање сертификат за заштита на животната средина, иако за овој вид набавка е дискутабилна потребата од таков документ. Симптоматично е што во оваа постапка за јавна набавка, иако критериумот за избор на најповолна понуда е ’најниска цена‘, бизнисот го добива агенцијата за обезбедување со поскапа понуда откако поевтината е дисквалификувана токму поради немање сертификат за заштита на животната средина.

„Сепак, проблемите што доведуваат до намалување на конкуренцијата во постапките за јавни набавки не треба да се поврзуваат исклучиво со високите критериуми. Сериозен проблем се и зголемената недоверба на економските оператори во системот што ја покажаа неколкуте анкети што ги спроведовме како и законски обезбедената можност договорните органи да го одложат плаќањето за купените стоки или за добиените услуги од компаниите“, додава Факиќ.

Покрај оние веќе констататирани слабости во сферата на јавни набавки, особено загрижувачки за овој кваратален период се проблемите со кои се соочуваат фирмите во остварувањето на правото на увид во документацијата од тендерите, нагласуваат во Центарот за граѓански комуникации. На овој начин само се зголемува впечатокот на компаниите дека тендерите не обезбедиле фер натпревар и дека нивниот сомнеж за нерегуларности е оправдан.


#
Статијата е прочитана 675 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
На прво место
Митриновски нема да избега од одговорноста за Бајруш?
Груевски ќе остане, но кој ќе си оди!?
Буџетите на клиниките поголеми за 10 проценти
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks