Загина прилепчанка, нејзиниот сопруг е тешко повреден
Прилеп - Еден мртов и еден тешко повреден е епилогот на сообраќајната несреќа што завчера околу 20 часот се случи на излезот од Прилеп на улица „Моша Пијаде“ во близина на АМСМ при директен судир на мотоцикл и приколка.
Прилепчанецот Р.Т. (66) кој го управувал мотоциклот марка ,,томос“, од засега неутврдени причини изгубил контрола, па удрил во приколка, сопственост на битолската фирма „Јоте“ што била паркирана на улицата.
Неговата сопруга Ристина Трајкоска(69) која била сопатничка, паднала од мотоциклот и се здобила со смртоносни повреди. Трајкоска починала на местото на несреќата, а нејзиниот сопруг со тешки повреди итно бил пренесен и се наоѓа на лекување во Градската болница. По барање на истражниот судија, а за целосно откривање на причините за смртта, ќе се изврши обдукција врз телото на починатата. (Мн.Т.) |