Брoj 2737  вторник, 15 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Нови повредени на „Егзит“, Македонката се бори за живот

Гранка од топола пак се скршила и повредила две Британки во кампот на фестивалот

Две Британки се полесно повредени последниот ден од одржувањето на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, кога повторно се скршила гранка од топола и паднала вез шаторот во кој биле сместени. Ова е втора несреќа што се случува за два дена, откако завчера една девојка од Србија трагично загина, а двајца студенти од Македонија се тешко повредени, кога гранка од голема височина се струполила врз шаторот и ги поклопила. Дваесет и двегодишната Дафина Анастасова, која беше тешко повредена, се' уште се наоѓа во критична состојба. Докторите од Клиничката болница во Војводина веќе два дена се борат за живот на Анастасова. Ѓорѓи Маркоски (23) од Прилеп е префрлен во болницата во Сремска Каменица и се наоѓа надвор од животна опасност. Семејствата на двајцата млади луѓе веднаш заминаа во Србија за да бидат покрај своите деца, додека роднините во Скопје и во Прилеп, во неизвесност ги очекуваат вестите за здравствената состојба на повредените. Тие велат дека Маркоски не се сеќавал на ништо. Кога се освестил во болницата, бил исплашен, бидејќи не знаел што се случило од моментот кога легнал да спие. Во несреќата што се случи претпоследниот ден на фестивалот, трагично загина дваесет и осумгодишната Јелена Матиќ од Белград, кој поради тешки повреди на главата починала додека докторите се обидувале да и' го спасат животот. Надлежните во Нови Сад веднаш по несреќата почнаа истрага за да се утврдат причините за паѓањето на гранката.

Трагичната несреќа се случила околу 10 часот кога од се' уште непознати причини гранка паднала од 30 метри височина директно врз шаторите на камперите. „Состој��а на Дафина Анастасова се' уште е критична и покрај тоа што беше подложена на операција“, вели директорот на Одделот за ургентна хирургија, доктор Зоран Германов за српските медиуми.

Маркоски поминал со полесни повреди на градниот кош и е пренесен на Клиниката за пулмологија во болницата во Сремска Каменица. Според информациите од роднините на повреденото момче, тој е во добра состојба, но ќе остане во болницата додека целосно не закрепне.

„Ѓорѓи има скршено четири ребра, клучна коска, а оштетена му е и белодробната обвивка, но тој е во стабилна здравствена состојба и од Одделот за интензивна нега е префрлен во болницата во Сремска Каменица каде што ќе остане додека не се стабилизира неговата состојба“, изјавија блиските роднини на Маркоски, се' уште исплашени и вознемири поради несреќата.

Таткото на Маркоски, кој веднаш замина за Србија, се сретнал со македонскиот амбасадор во Србија, Александар Василески. Амбасадорот му понудил помош за се' што му треба на семејството, додека Ѓорѓи не закрепне. Анастасова студира информатика, а Ѓорѓи Маркоски е студент на Правниот факултет во Скопје. Тој е член на групата „Квазар“ и свири бас-гитара. Како се случила несреќата, се' уште нема официјално соопштение.

Дежурниот истражен судија Видое Митриќ, кој извршил увид на местото на несреќата во кампот на „Егзит“, наредил формирање комисија од инженери по шумарство кои ќе ја истражуваат несреќата.

Големата гранка, која падна од тополата висока околу 30 метри, однадвор на прв поглед не изгледала гнило. Очевидци на несреќата веруваат дека најверојатно силниот ветар што дувал речиси еден час скршил една од највисоките гранки од една од тополите во кампот и таа паднала директно на шаторите каде што спиеле повредените. Според докторите, токму висината од која паднала гранката била пресудна за тешките повреди на посетителите на фестивалот. Очевидци за белградски „Блиц“ тврдат дека на гранката немало ништо што дополнително би ја оптоварувало.

„Се обидов удобно да се сместам и да отспијам додека ужасно силениот ветар носеше облека и шатори на сите страни. Одеднаш, чув три тресоци, еден по друг. Скокнав и видов дека гранка поклопила неколку шатори. Сите притрчавме, се обидовме да ја тргнеме гранката, а тогаш сфативме дека под неа лежат неколку луѓе. Една девојка беше многу повредена, гранката и' паднала на глава. Девојките кои го видоа тоа веднаш почнаа да плачат, е едно момче истрча да повика екипа на Брза помош“, раскажува едно момче од Ужице, сведок на драмата во кампот. Од Клиничкиот центар во Војводина известуваат дека од почеткот на „Егзит“, 47 лица побарале лекарска помош. (Ј.К. - Мн.Т.)


Статијата е прочитана 1200 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Повеќе од 30 млади ослепеле на концерт во Москва
Судот ги гледаше снимките за поткуп во Општина Аеродром
Загина прилепчанка, нејзиниот сопруг е тешко повреден
Уапсен кумановецот што ја уби сопругата