Брoj 2737  вторник, 15 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Судот ги гледаше снимките за поткуп во Општина Аеродром


Кирил Тодоровски

Со гледање на првиот од неколкуте снимени компакт-дискови снимени со примена на таканаречните посебни истражни мерки, вчера во Основниот суд Скопје 1 продолжи судењето на поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ки рил Тодоровски, и на четворица негови соработници. Претходно Тодоровски побара копија од решението со кое се одобрува примената на посебните истражни мерки. Бранителот на обвинетата Ангела Зафировска, адвокатот Сашко Дукоски побара снимките и фотографиите да се издвојат од списите на предметот и тие да не влијаат при изрекувањето на пресудата. Дукоски побара јасно да се наведе против кого се насочени посебните мерки, бидејќи, како што рече „НН-лице не претставува законска форма“ и поради тоа што за оваа прилика бил употребен оштетениот Димитар Тодоровски, кој, пак, веќе беше распитан во својство на сведок.

Судот го отфрли предлогот, по што беше презентирано првото ЦД. Станува збор за снимка направена на 12 февруари годинава во кабинетот на тогашниот началник за урбанизам, Сашо Стојчески. Обвинетиот Стојчески и оштетениот Димитар Тодоровски цели 50 минути разговарале за објектот што го градела неговата фирма и само десетина минути се говори за предметниот поткуп. Од презентираното можеше да се слушне како оштетениот бара начин да разговара со градоначалникот Тодоровски за да ги плати бараните средства во висина од 100.000 евра и што ако не успее да ги обезбеди сите пари за една недела. Судењето продолжува утре. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 737 пати.

Испрати коментар

Од: Pirin
Датум: 15.07.2008 01:53:23
ovde jas ne gledam osteten kako sudot sto go tretira toj gosp. totorovski, za krivicno delo se potrebni dvaica eden sto zema pari za usluga a drugiot sto dava za da mu se ovozmozi ne zakonski da stekne nekoja prednost sto mu je vo zamislata i ke mu donese vo idnina profit, a plus ako mu bila iskrena namerata na toj todoroski nemlo potreba razgovorite da bidat snimen , znaci todoroski e vo ovoj slucaj mamka da gi zaglavi lugeto vo zatvor.
Од: Pravda
Датум: 15.07.2008 08:21:38
corka Djole

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Повеќе од 30 млади ослепеле на концерт во Москва
Нови повредени од падната гранка на „Егзит“, Македонката се бори за живот
Загина прилепчанка, нејзиниот сопруг е тешко повреден
Уапсен кумановецот што ја уби сопругата