Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Култура

Распишан конкурсот за наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

 

Од 4 септември до 4 октомври распишан е конкурс за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин“ за 2009 година, со која се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

Наградата „Мито Хаџи Василев Јасмин“ се доделува на поединци, на група творци, екипи, установи, трговски друштва или на здруженија на граѓани, а под одредени услови може да им се додели и на странски државјани или институции. Во една година можно е да се дадат само две награди, а иницијатива или предлог за кандидатите до Министерството за култура можат да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Иницијативата или предлогот треба да содржат образложение, како и податоци за остварените резултати во одредената област, а треба да се достават во 15 примероци, додека книгите или публикациите во најмалку два примерока.

Наградата ја доделува одбор од 12 члена, чиј претседател годинава е познатиот новинар и публицист Борис Поп Ѓорчев. Врачувањето на оваа награда е предвидено за 21 декември, денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев Јасмин, а таа се состои од диплома и паричен износ или од диплома и плакета ако се работи за установа, трговско друштво или здружение на граѓани. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 144 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Цела Европа на собир во Скопје
Музичките институции подготвени за старт на новата сезона
Поемата „Предвесница“ ја доби наградата „Григор Прличев“
Промоција на книгата „Кон Арарат“ од Васил Тоциновски
Полската амбасада со изложба го одбележа 1 септември