Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Култура

Поемата „Предвесница“ ја доби наградата „Григор Прличев“

На анонимниот конкурс за поема пристигнале 22 текста; од вчерашниот прес

Во конкуренција од 22 текстови, пристигнати на анонимниот конкурс за поема, што традиционално го распишува издавачката куќа „Детска радост“ и Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид, за најдобра поема е избрана „Предвесница“, пристигната на конкурсот под шифра „Веда“.

Во очекување да се јави авторот на наградената поема, организаторите вчера одржаа средба со новинарите на која присуствуваа членовите на жири комисијата во состав: академик Витомир Митевски, м-р Сузана В. Спасовска и проф. Владимир Мартиновски, кои го соопштија името на наградената поема.

Имено, според жири-комисијата „сите пристигнати, вкупно 22 ракописи ги исполнувале предвидените критериуми и пропозиции. Но, по внимателно читање, според квалитетот ги издвоиле следниве четири поеми: „Предвесница“, пристигната под шифра „Веда“, „Кругови“, под шифра „Прометеј“, Света куќа“, под шифрата „Лав“ и „Ѕвездата на Јонче Присовјанче“, под шифра „Малесија“.

„При разгледување на ракописите, потенцираат во своето образложение, комисијата го издвои ракописот „Предвесница“ раководејќи се од неколку критериуми: јазична уедначеност, стилски рафиниран, тематска оригиналност и поетско-музичка композиција. Според нив, оваа поема во најголема мера ги задоволува критериумите. На композициски план, таа претставува една заокружена целина во која се препознава суверено водење на наративната нишка, во однос на јазикот и стилот, констатира комисијата, дека во „Предвесница“ постои извесна рамномерност, урамнотеженост, а поемата се издвојува и по вештата и доследна примена на фонетските стилски фигури со што се постигнува впечатлива ритмичност и еуфоничност.“

Како мошне атрактивна, беше потенцирана тематската определба, која според жирито кореспондира со архаичните митски слики од традицијата на епското создавање.

Трудот го задоволил и критериумот за обем, зашто Конкурсот бара поемите да имаат 912 стиха, колку што има и поемата „Сердарот“ на Прличев по кого е именувана оваа награда.

Инаку, наградата „Григор Прличев“ се состои во објавување на наградениот ракопис и паричен дел во износ од 1.500 евра. Врачувањето, традиционално, ќе се случи во февруари во Охрид, во рамките на книжевната манифестација „Прличеви беседи“. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 180 пати.

Испрати коментар

Од: L.D.
Датум: 03.09.2009 15:59:23
Cestitki do avtorot! Ovoj nacin na nagraduvanje (na anonimen konkurs) po mene e najpravilen, bidejki se odbegnuvaat poznatite igri vo pisatelskite asocijacii praktikuvani osobeno zadnive godini.

Најди! во Утрински
Култура
Цела Европа на собир во Скопје
Музичките институции подготвени за старт на новата сезона
Промоција на книгата „Кон Арарат“ од Васил Тоциновски
Распишан конкурсот за наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“
Полската амбасада со изложба го одбележа 1 септември