Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Култура

Полската амбасада со изложба го одбележа 1 септември

Дводневната изложба на архивни фотографии, аудио и видеозаписи со кои амбасадата на Полска ја одбележа 70-годишнината од почетокот на Втората светска војна и 65-годишнината од востанието во Варшава, вечерта на 1 септември привлече големо внимание, пред се', од страна на странските дипломатски претставници и полски граѓани во земјава. На нејзиното отворање во Културно-информативниот центар, полскиот амбасадор во Македонија, Карол Бахура, потсети дека взори, на истиот ден во 1939 година хитлеровска Германија ја нападна неговата земја, а една недела порано, министрите за надворешни работи на Третиот рајх и советска Русија, Рибентроп и Молотов потпишаа поделба на територијата на Полска меѓу нивните држави. Не сакајќи, како што рече, да докажува „кој во оваа војна бил напаѓач, а кој нападнат, кој бил жртва, а кој џелат“, амбасадорот посочи дека секакви сомневања, како негирање на холокаустот или на советските гулази ја разводнуваат одговорноста и не одговараат на историската вистина и ги повика присутните со молчење да им оддадат почит на загинатите во Втората светска војна. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 151 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Цела Европа на собир во Скопје
Музичките институции подготвени за старт на новата сезона
Поемата „Предвесница“ ја доби наградата „Григор Прличев“
Промоција на книгата „Кон Арарат“ од Васил Тоциновски
Распишан конкурсот за наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“