Број 3442  петок, 26 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
На прво место

Бившиот обвинител стана лустрационен бранител

Скопскиот адвокат Стеван Павлески е правен застапник во три случаи поврзани со процесот на лустрација

Гордана Дувњак


Што е заеднички именител за уставниот судија Трендафил Ивановски, пензионираниот началник на Службата за државна безбедност, Хисен Муслиу, и за лидерот на ДПА, Мендух Тачи? Несомнено, тоа е 61-годишниот скопски адвокат Стеван Павлески.

Поранешниот државен јавен обвинител, кој беше прва жртва на „Коалицијата за промени“ по паѓањето на владата на Бранко Црвенковски во 1998 година, се јавува како бранител во сите три случаи поврзани со лустрацијата. Јавноста веќе почна да го препознава, секогаш стокмениот и одмерен адвокат со битолско потекло, како „лустрационен бранител“. Пред судовите тој веќе се јавува како правен застапник на Ивановски, кој се обидува да докаже дека не бил соработник на службите, или народски кажано - кодош. Веднаш по притворањето на Муслиу, токму Павлески излезе во јавноста со експресна реакција дека неговиот клиент ниту го признал делото за кое се товари (фалсификување досиеја на ДУИ), ниту обвинил кого било дека му бил налогодавец. Раководството на ДПА, пак, го повика да подготви неколку тужби во нивно име. Ќе тужат високи функционери од ДУИ поради обвинувањата дека опозициската партија од албанскиот блок ги лиферувала во јавноста досиејата „Ибар“, „Мама“ и „Вујко“. ДПА ќе поднесе и две тужби за клевета против членови на раководството на ДУИ и уште една против службено лице во Комисијата за лустрација.

Павлески нема објаснување за тоа од каде толку голем интерес за него за да го ангажираат за ваков тип случаи.

„Неблагодарно е да зборувам за себе и за мотивите на моите клиенти. Тоа, сепак, е нивна процена. Мое е да дадам се' од себе и да ги застапувам клиентите на најдобар можен начин“, вели малку скромно Павлески.

Некои душегрижници веќе со загриженост се прашуваат како адвокатот Стеван Павлески успева да стаса секаде. А, најмногу поради тоа што во неговата канцеларија, сместена на четвртиот кат на улица „Теодосиј Гологанов“ број 28, што се наоѓа во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, чекаат не само овие предмети, туку и голем број нови, но и веќе почнати.

Но, ако за некого може да се примени онаа народната „секое зло за добро“, тоа е токму за Павлески. Беше меѓу првите функционери што беа разрешени од парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ДА и ДПА , поради „нестручно и несовесно работење“. Гордоста не му дозволи да остане во Обвинителството и да биде дел од тимот на својот наследник Ставре Џиков и само по неколкумесечно користење на апанажата, реши да заплови во адвокатските води. Ја напушти сигурната државна служба за да отвори приватен бизнис, кој набрзо прерасна и во семеен. Сега работи заедно со синот единец Филип и со снаата, која моментно е на породилно отсуство, поради неодамнешното раѓање на ќерката. Павлески е во долгогодишен среќен брак со госпоѓа Вера, која работи во „КЈУБИ Македонија“.

Иако Павлески со адвокатура се занимава во последниве 10 години, за многумина не е никакво изненадување тоа што, сепак, многу брзо се вивна во она што претставува „адвокатски крем“ и спаѓа меѓу топ-5 во професијата. Тоа во голема мерка се должи на неговиот стручен бекграунд и на учеството во речиси сите големи процеси.

Во неговата не толку долга, но богата адвокатска кариера треба да се спомне дека бил бранител во речиси сите звучни судски случаи. Некои од нив завршија со ослободителна пресуда или, пак,со повторување на постапката.

Беше бранител на обвинетите за убиството на полицајците во Арачиново, во „Југ“, „Змиско око��, Петра Митева, ексдиректорот на ЕСМ, Панде Лазаров, директорот на МЗТ, Митре Петковски, во случајот „Бучковски“, „Метастаза“... А, како свој голем успех може слободно да го прокнижи и повторувањето на постапката во случајот „Сопот“.


#
Статијата е прочитана 1821 пати.

Испрати коментар

Од: ma
Датум: 26.11.2010 12:12:19
dali znaete deka reklamiranjeto na advokati e zabraneto!!
Од: Alek
Датум: 26.11.2010 13:55:42
Stevan Pavleski e poranesen sef na Makedonskata tajna policija posleden pred pluralizmot 1990.
Од: yarkon06
Датум: 27.11.2010 09:55:41
Gosp.Duvnjak ve molam dali kje vi bide bide tesko namesto bivs, bivsata, bivsoto, da go upotrebuvate PORANESNA-ta-to? Neli:"Po jazikot si se poznavame" Cepenkov
Од: Зоко
Датум: 27.11.2010 09:57:00
Абее само за забрани да се зборело. Па ако е некој успешен тоа и треба да се знае. Зашто не би требало да се пишува за успехот. Од неуспешни адвокати ни е преку глава. Браво адвокате, браво.
Од: pero
Датум: 27.11.2010 10:19:37
e od kade e sea zabraneto reklamiranje na advokati? kakva glupost.
Од: Ruen
Датум: 27.11.2010 10:21:05
Kade odis zalna Makedonijo ? Zarem e greska ako nekoj e sposoben i si ja znae rabotata.Vo ovaa zemja najdobro pominuvaat tie sto nemaat nisto vo glavite, a rabotat na dalecinsko.Pa neli sakame vo Evropa vo koja covekovite prava se svetinja. Sto ima sporno vo toa sto obvinitel stanal advokat.So toa dokazuva deka e sposoben,a bogami toa i na delo go dokazal mnogu pati dosega. Samo napred Stevane ne im obracaj vnimanie na praznite komentari.

Најди! во Утрински
На прво место
Пратеници си ги вработувале сопружниците
Гo гонеше Османи, сега го брани Тачи
Доцнат и премиерот и неговите одговори
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice