Број 3442  петок, 26 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
На прво место

Гo гонеше Османи, сега го брани Тачи

Оние со подолго паметење ќе се сетат дека адвокатот Павлески во почетокот на деведесеттите години работеше како потсекретар во државна безбедност во МВР. Беше разрешен токму од таткото на актуелниот прв човек на ДБК, Сашо Мијалков. Во стручните кругови го паметат и од случајот „Паравојска“, кога како заменик на окружниот обвинител го бранеше обвинението. Во време кога беше прв човек на Обвинителството (1996-1999) му се случија ТАТ, атентатот врз Глигоров, апсењето на градоначалниците на Тетово и на Гостивар од редовите на ДПА, Алајдин Демири и Руфи Османи, поради непочитувањето на одлуката на Уставен суд околу знамињата на етничките заедници. Но, мора да се признае дека токму последниот случај доживеа и успешна проверка пред Европскиот суд за човекови права, кој го одби барањето на Османи, кој тврдеше дека му се повредени човековите права, со што се покажа одржливоста на обвинението што го товареше за поттикнување национална, верска и друга нетрпеливост. Тринаесет години по гостиварските настани Павлески стана адвокат на лидерот на ДПА, Мендух Тачи.


#
Статијата е прочитана 1283 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
На прво место
Бившиот обвинител стана лустрационен бранител
Пратеници си ги вработувале сопружниците
Доцнат и премиерот и неговите одговори
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars