Премиерот Никола Груевски на седниците посветени на пратенички прашања доцни во просек по 40 минути. Писмените одговори од шефот на Владата и од министрите до пратениците патуваат повеќе од осум месеци.
Пратеникот од ЛДП, Андреј Жерновски, вчера во Собранието се чудеше како премиерот и неговиот Кабинет работат по 24 часа седум дена во неделата, а не можат да најдат време да одговорат на прашањата на пратениците. Тој вчера го праша спикерот Трајко Вељаноски што ќе преземе околу игнорантскиот однос на премиерот и на министрите кон деловничкиот рок од 20 дена за доставување одговори. Жерновски наведе неколку прашања до Груевски и до вицепремиерот, Васко Наумовски, на кои чека одговор повеќе од осум месеци. За истата работа Жерновски неодамна испратил и писмено укажување до спикерот.
Вељаноски соопшти дека до Владата веќе го доставил писмениот допис од пратеникот на ЛДП, како и списокот со сите неодговорени пратенички прашања и изрази надеж дека одговорите ќе пристигнат наскоро.
Претходно шефицата на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова, протестираше поради навиката на премиерот да доцни, поради што седниците почнуваат со 40-минутно задоцнување. Иванова, исто така, реагираше поради отсуството на дел од министрите, кои на седницата беа претставени со своите заменици. Пратеникот Илија Китановски од ВМРО-ДПМНЕ ја бранеше Владата дека е „репрезентативно претставена со присуството на премиерот, тројца вицепремиери и 12 министри“. (О.В.)
Што е доцнење од 40 минути,човекот за доста работи касни со години.Но сега како premier,треба да се знае кој е кој,па мора да се чека.
Од: realen
Датум: 26.11.2010 12:49:40
Toa sto Premierot i se povrzano so nego docni e poznato, no zosto ne se ugledate na nekoi vesnici i objavuvate najnovi vesti koi, veruvam, ne se za ignoriranje (A1) Aj i vie rabotite maku poveke, ama respektirajte go ona famozno 24/7, samo toa.
Од: Irena
Датум: 26.11.2010 14:43:11
Sekoja cest na LDP i Zernovski...edinstveni koi kostrukivno i argumetirano napagaat