Број 3043  четврток, 23 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

МАТ ја обвини АЦВ за двојни аршини

Сања Наумовска

Агенцијата за цивилно воздухопловство треба да и' ја одземе дозволата за работа на компанијата „Стар лајн ерлајнс“, бидејќи еден од нејзините два каргоавиона оперира иако е приземјен, информираат од МАТ. Сепак, во АЦВ случајот се држи во тајност, што пак предизвикува сомнежи кои се мотивите за тоа, велат во МАТ, каде што нагласуваат дека со овој потег Агенцијата ги покажува двојните стандарди по кои постапува. Во спротивно, велат во компанијата, на АЦВ и' се закануваат санкции од европските воздухопловни власти кои можат да ја остават Македонија без домашниот цивилен воздушен регулатор.

На обвинувањата на МАТ, од Агенцијата, пак, одговараат дека случајот се пумпа за да се создаде притисок, бидејќи на „боингот“ од МАТ, кој се наоѓа на сервис во Белград, за неколку дена му истекува уверението за пловидба.

АЦВ минатата година, и покрај препораките на европските асоцијации дека нема капацитет да врши инспекција, на каргоавионите им дала дозвола за работа и биле заведени во домашниот регистар, обвинуваат од МАТ. Со тоа, според компанијата, АЦВ го направила првиот прекршок поради кој може да добие казна. Во меѓувреме, компанијата „Стар лајн“ не имплементирала ниедна безбедносна препорака што и' била побарана од Агенцијата, поради што еден од авионите бил приземјен. Сепак, тој продолжил да оперира се' додека не бил откриен од италијанските инспекции. Авионот, според МАТ, на мистериозен начин побегнал од аеродромот од Рим и моментно се криел во Израел. И покрај тоа, „Стар лајн“ се' уште нормално функционира.

Од АЦВ негираат дека каргоавионите се' уште оперираат. Според директорот Зоран Крстевски, авионот што бил инспектиран во Бреша, а не во Рим, од 25 мај е избришан од македонскиот регистар, бидејќи и инспекторите на АЦВ, исто така, констатирале недостатоци. Вториот авион на „Стар лајн“ исто така не е пловидбен и тој, всушност, се наоѓа на сервис во Израел.


Статијата е прочитана 279 пати.

Испрати коментар

Од: Od Orce -AUSTRALIJA
Датум: 23.07.2009 06:23:40
Do vrabotenite vo MAT .ke ve molam bez golemo vozbuduvanje vo vrska so ovoj problem,odnosno da ne go obvinuvate ACV za dvojni arsini,tuku samo sledete gi mojte ideji kako najpovolni za resavanje na ovoj problem , a toa e postavuvanjeto na avionot na MAT,kako statula vo opstina Aerodrom i potoa prerasnuvanje na renomiran geografski svetski restorant ,kade ke se zgolemi brojot na vrabotenite,a ACV ke nema dvojni arsini ,a ovoj restoprant ke bide zapisan vo site geografski svetski brosuri kako najprocuen ,koj ke gi opfati site frsti na kujni vo svetot ,prosledeni so dobra zabava -svirka vo zivo ,kako i odel za bukirane na avionski karti za site geografski delovi vo svetot.POZZ od Orce koj vlozuva golem trud za razvoj na ugostitelstvoto kako edna od vaznite granki na geografskiot turizam.vo RM.
Од: Наивен Ози
Датум: 23.07.2009 13:45:06
Не ми е само јасно како вработените во МАТ примаат плата кога единствениот алат и извор на заработка им е вон употреба веќе неколку месеци. Да не почнале друг бизнис? Штампање на денари, на пример..

Најди! во Утрински
Политика
Полемика за реформа на кривичното законодавство
Политички пазар за МВР ќе го пречека Оли Рен
На референдум со стар избирачки список
Интелектуалци од Македонија во српско четничко движење?
Нетолерантните балкански пријатели на ЕУ