Број 3043  четврток, 23 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

На референдум со стар избирачки список

Владино тело подготвува методологија за прочистување на тефтерот со гласачи

Катица Чангова

Целосно филтриран избирачки список што одговара на реалноста Македонија треба да добие најдоцна до март 2010 година, изјави вчера за „Утрински весник“ министерот за правда, Михајло Маневски. Ако се суди според периодот за прочистување, септември 2009 - март 2010 година, тогаш станува јасно дека на најавеното референдумско изјаснување за предлогот за името ќе се оди со стар регистар на гласачи.

„Во законското време за кампања на тој референдум, секако, ќе го кажам моето мислење, но не очекувам дека тоа ќе биде пресудно, бидејќи граѓаните веќе имаат свое изострено чувство за ова прашање и лесно можат да пресудат што е добро, а што не. Политичарите се минлива категорија, а цел овој народ и по нивното заминување ќе треба да живее со тоа или без тоа решение за кое би се гласало“, ги објасни уште еднаш причините за референдум премиерот Груевски во интервју за „Форум“.

Во оваа ситуација околу термините за средување на списокот и се' поизвесниот референдум, пред многу недоумици и нејаснотии се наоѓа Државната изборна комисија. Имено, од 1 септември ДИК станува одговорна институција за списокот, а се' уште не знае, на пример, во каква форма ќе ги преземе податоците – во печатена или во електронска.

Владино стручно тело координирано од Министерството за правда подготвува методологија за прочистување на регистарот од евентуални аномалии во матичните броеви, генералиите и датумите на раѓање. Тефтерите за гласање ќе се отворат во две општини, една од западна и една од источна Македонија. Гостивар веќе е определен за скенирање, а таму треба да се открие колку се вистинити тврдењата за фиктивни избирачи.

Има непотврдени податоци дека на списокот фигурираат од 100.000 до 200.000 фантомски лица, или од шест до 11 отсто, што не е занемарлив процент во вкупното гласачкото тело.

Голем дел од општините се толку испразнети што бројот на гласачи е поголем од бројот на жители. „Утрински весник“ најде несогласување на податоците меѓу изброените жители и регистрираните избирачи во неколку општини. Така, во Маврово-Ростуше има 8.618 жители, а 9.216 гласачи, додека во Вранештица 1.322 жители, а 1.544 се гласачи. На овој список е и општина Новаци, со 3.722 избирачи наспроти 3.549 жители и Дебарца со 5.533 гласачи, а 5.507 изброени жители. Мали разлики меѓу жителите и избирачите во полза на жителите има во Центар Жупа, Пласница, Лозово, Дебар, Могила...

Експертската јавност прилично е скептична околу проветрувањето на списокот, особено околу тоа како ќе се дојде до точни бројки кои нема да остават простор за сомневање во наредните изборни циклуси. А дали потезите на власта околу списокот се само шминкерски или вистински, дали тие кои работат знаат како да се направи прочистување, набрзо ќе се знае. Интересно е тоа што МВР, кое располага со една од најголемите бази на податоци, меѓу нив за државјани на Македонија кои се во земјата и кои заминале во странство, потоа со книгите за починати лица..., досега не излезе со став за прашањето на гласачкиот регистар.

Не смее да се занемари тоа што не само на последните претседателски и локални избори, туку и на изборите пред тоа, од ОБСЕ/ОДИХР и Советот на Европа државата заработи црвен картон токму за легитимноста на податоците во избирачкиот список.

Министерот за правда вели дека повеќе институции се вклучени во подготвување методологија за прочистување на списокот и дека работата била во напредната фаза. Тој срамежливо потврди дека во врска со списокот ќе има консултации со претставници на организации од странство.

„Таа методологија веќе ја разгледувавме со претставници на политичките партии. Тргнувајќи од тие кажувања, подготвуваме конкретен работен материјал за кој треба да се изјасни Владата. Ќе има две пилот-општини каде што ќе се вршат дејства за утврдување на фактите. Проекцијата за ажурирање на регистарот е од септември годинава, се' до март 2010 година“, изјави министерот Маневски. Според него, и тогаш кога избирачкиот список ќе биде предаден на ДИК, надлежностите од законодавен аспект остануваат кај Министерството за правда.

Државната изборна комисија ќе го преземе списокот во иста состојба како што е сега, заклучува шефот на хиерархиски највисоката институција надлежна за избори, Александар Новакоски.

„Се' уште не е утврдена методологија за прочистување на списокот. Овој документ треба да оди во Владата на одобрување. Од методологијата ќе се знае што да се прави“, вели Новакоски.

Ако во општините што ќе бидат тестирани не се утврди некаква состојба на фалинки, тогаш ќе излезе проблем, што да се прави натаму. Но, фактите се непомирливи. И меѓународните набљудувачи беа фрапирани од тоа зошто книгата на гласачи станува се' подебела пред секој изборен циклус и зошто се топи разликата меѓу изборните и пописните бројки.

За две децении избирачкиот список е зголемен за 421.000 гласач. Во 1990 година биле регистрирани 1.371.176 гласачи, во 2000 имало запишано 1.634.859 избирачи, додека последните евиденции од 2009 се за 1.792.082 лица. Оваа бројка на возрасна популација која се стекнала со право за гласање речиси се доближува до бројот на вкупното население во Македонија кое, според процените на Државниот завод за статистика, е 2.022.000 жители. Токму овие соодноси внесоа забуна и ги вклучија алармите за тревога, со барања за ургентно прочистување на списокот за да може во иднина да се има доверба во изборните резултати.


Статијата е прочитана 890 пати.

Испрати коментар

Од: ilija
Датум: 23.07.2009 05:37:12
Mnogu ubavo kazano,''politicarite se menliva kategorija''.Uste da moze da vidite deka i EU e menliva kategorija kako sto bese i YU.Pa da ne vrsite domasen pritisok za menuvanje na nesto vecno kako sto e MK za glupost koja moze utre nema da postoi.
Од: DIMA
Датум: 23.07.2009 06:59:30
Dobro koga veke se znaj deka ke ima referendum dali nekoj ima namera da ja spomne dijasporata ili pak da dobie odgovor na prasaneto dali i taa ke bidi vklucena vo referendumot ili pak tie sto izlegoja od Makedonija veke ne se Makedonci?!
Од: Трпе.
Датум: 23.07.2009 08:08:36
Некому така му одговара.Секој ден по медиумите се труби дека сме земја на IT,а сеуште податоците се земат од тефтери.Земете ги последните две години за сместувањето на студентите во домовите кое се врши електронски ,се какви малверзаци се прават за бројка од 5000.Кај нас и електрониката лаже.Некој така ја програмира.Како може матичните броеви да не се во ред,зарем не се единствени.За еден обичен извод на рродените,податоците се барат од големите книги.Дали во некоја друга земја постои издвање на лични документи пред денот на избори.Факт е дека некои имат и по двојни адреси на живеење.Пример е градоначалникот на Центар Тодоров ,кој има лични документи од секоја скопска општинаА дали има потреба од референдум и тоа е друго прашање.За што служат народните избраници,зошто се прават огромни трошоци за избори.Многу пати имам спомнато,дека како што нашиот мистер Рејтинг ,бега од одговорности и мојата баба на 90 год.може да биде премиер.
Од: РР-Скопје
Датум: 23.07.2009 08:23:20
Како член на ОИК еве неколку иницијативи: 1. Поголема професионализација на изборните органи, прв чекор: секретарите на ОИК да бидат постојано вработени (вкупно 84 лица) и тие да ги преземат во свои раце: (1) веродостојноста и ажирирањето на избирачките списоцич (2) уредувањето на избирачките места (задача пренесена ана ДИК од 9./2009)ч (3) комјутеризацијата на целиот изборен процесч (4) едукацијата на избирачките одбори (Професинализацијата значи е најефтина, еве зошто: сега се плаќаат 6 или 12 членови на ОИК за 3 или 4 месеци, ако секретарите ги преземат работите во свои раце, тога овиее члернови ќе се плаќаат 1 месец. 2. Децентрализација на ДИК , да се воведат РИК за сек од на 8-те региони за развој во РМ (подобро и да има и 8, наместо 6 изборни единици). (Глупо и нерационално од Стење материјалот да се носи во Ресен, па во ДИК - Скопје). 3. Рационализирање на иборните формулари, непотребно се губат ресурси во многу непотребни хартии.
Од: Лебед
Датум: 23.07.2009 08:36:07
е браво. Со овој список ВРМО направи две победи, само сеуште незнам дали беа или не беа фалсификат и сега сака да го протурка референдумот со истиот список. А како што знам треба да има конкретен предлог па да се даде на референдум, а не референдум па предлог.
Од: Абре Македонче
Датум: 23.07.2009 09:52:00
Абе предавници едни. Не ви се чека, со нетрпение сакате да ни ја предадете државата. Џабе се залагате, ниту со реферндум нема да си го смениме нашето име. Не ни треба ни Грција ни ЕУ ни НАТО.
Од: makedonec
Датум: 23.07.2009 12:38:55
А зошто пилот проект само во две општини,а не воп 6 те изборни единици по најмалку две.Па фалсификатот на ВМРО иоваа влсат беше особено во руралните подрачја и на градските опшини.Добро е што конечно на мала врата власта признава дека со фалсификат ги добила двата последни циклуса.ОИК или РИК може да се професионализираат ,само доколку не се партиски определени.Инаку џабе ке биде работата.Најголемите фалсификати се во МВР,со двојни лични карти издавани на партиските активисти со различни места на живеење.Најприоритетно од се е РИК и ОИК да бидат технички иопремени .Наместо глупости со ИТ во улчилиштата министерот да се позанимава со ИТ на органите на властс

Најди! во Утрински
Политика
Полемика за реформа на кривичното законодавство
МАТ ја обвини АЦВ за двојни аршини
Политички пазар за МВР ќе го пречека Оли Рен
Интелектуалци од Македонија во српско четничко движење?
Нетолерантните балкански пријатели на ЕУ