Број 3043  четврток, 23 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Полемика за реформа на кривичното законодавство

Експремиерот и пратеник од СДСМ, Владо Бучковски, смета дека Македонија не е подготвена за реформа на кривичното законодавство, а јавната дебата што вчера се отвори во Собранието ја нарече фингирана.

„На Македонија и' се случува фатаморгана. Имаме пропагандна реформа, фингирана јавна дебата за законот за кривична постапка, а не од оние експерти кои две години го подготвуваа текстот на законот“, смета Бучковски. Според него, клучен проблем се партизираните судство и Јавно обвинителство.„Неефикасноста на правосудството не лежи во Законот за кривична постапка, туку во партизираните судство и Обвинителството. Македонија не е зрела за ваква реформа, а ако ја направите, ќе настане невиден хаос“, уверен е Бучковски.

Претседателот на скопскиот Апелациски суд, Јордан Митриновски, изнесувајќи го ставот на мнозинството судии, исто така, се спротивстави на системски или концепциски измени со кои длабоко се навлегува во таква суптилна материја и ги зафаќа правата на човекот. „Работната верзија на законот е враќање на еден систем што потсетува на време од 1947 до 1954 година. Ако кажеме дека ништо не му недостигаше на стариот ЗКП, ќе не' обвинат за неприфаќање на современите тенденции за промена на законодавниот систем, што не е така. Словенија го има поранешниот ЗКП на СФРЈ со одредени измени и не ја критикуваат дека е со застарени тенденции“, вели Митриновски.

Министерот за правда, Михајло Маневски, кој го образложи новиот закон за кривична постапка, потенцира дека ова е досега една од најголемите реформи на казненото право во Македонија. „Најголемата измена во работната верзија на законот е што истрагата преминува од истражниот судија во надлежност на јавниот обвинител, што значи раздвојување на функциите на прибавување докази и подигнување обвинение за кривично дело кое се гони по службена должност“, вели Маневски. (О.В.)


Статијата е прочитана 212 пати.

Испрати коментар

Од: stiv
Датум: 23.07.2009 11:06:32
Gledajki deka ova se zalicuva na Gestapo, OZNA ili UDBA, Stole ke mora da pisuva nov zakon za lustracija. Saka covekot da ne oslobodi od kodosite i paranoicite, ama ne odi be bratce. Takov narod sme ti nie kodoski i paranoicen.

Најди! во Утрински
Политика
МАТ ја обвини АЦВ за двојни аршини
Политички пазар за МВР ќе го пречека Оли Рен
На референдум со стар избирачки список
Интелектуалци од Македонија во српско четничко движење?
Нетолерантните балкански пријатели на ЕУ