Стрелал во гулабарник и во боксови за кучиња
Во тетовското село Голема Речица, во петокот, околу 18 часот, се слушнале истрели од огнено оружје. Непознато лице испукало неколку куршуми од огнено оружје во гулабарник и кон метални боксови за кучиња, сопственост на Е.С.(26) од Голема Речица.
За среќа, нема повредени, но оштетена е фасадата на поштата, лоцирана во близина на гулабарникот. Тетовската полиција работи на расчистување на случајот. (Љ.С.) |