Од разгранокот на ВМРО-ДПМНЕ во Струга украден компјутер
Ноќта меѓу петокот и саботата, меѓу 1,15 и 9 часот, од струшкиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ е украден компјутер. Кражбата се случила во партиските простории на улицата „Димче Ковачески“, а непознатиот сторител одзел еден компјутер и монитор. Штетата се проценува на околу триесет и пет илјади денари. Струшката полиција извршила увид и веќе се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. (Љ.С.) |