Запленет камион со 38 бунди од Италија
При рутинска контрола на граничниот премин кај Табановце, цариниците спречиле шверц на женски бунди со потекло од Италија, наменети за пазарот во Србија. Станува збор за 38 женски бунди, од кои 30 од природна и осум од синтетичка кожа. Вкупната вредност на шверцуваните бунди е проценета на околу 30 илјади евра, а на слободниот пазар може да достигне цена од 5.000 до 20.000 евра по парче. Пратката од Италија преку Албанија во Македонија влегла на граничниот премин Ќафасан. Шверцуваната стока со запленетиот камион ја превезувал приватен превозник од Охрид.
Против возачот на камионот е поднесена кривична пријава, а стоката за натамошна процедура е сместена во царинскиот склад во Куманово. Шефот на Царинската експозитура на Табановце Сашо Глишиќ вчера информираше дека во изминатите неколку дена цариниците на овој граничен премин имале полни раце работа. (Ст.Б.) |