Брoj 2707  понеделник, 09 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Прилог ЕВРО 2008

Претходен број


Site Meter
Хроника

Син ми Димче не се самоуби, го убија?!

И по девет месец од загинувањето на Исаковски, мајка му не верува дека сам се удавил во Црн Дрим

Киро Кипроски

Гостивар - Девет месеци 76-годишната Перса Исаковска живее сама меѓу четири ѕида, скршена од болка за синот-единец Димче, кој на 23 септември мината година беше изваден од водите на реката Црн Дрим во Струга. Пред шест месеци од природна смрт и' почина ќерката Весна на 42-годишна возраст. Перса, која е исцрпена и уништена од болката за двете чеда кои ги погребала за половина година, живее во надеж да ја дознае вистината за смртта на синот Димче, која не верува дека извршил самоубиство, туку дека е убиен.

„Не, син ми Димче не се самоуби со фрлање во Црн Дрим. Тој е убиен и е фрлен во реката за две илјади евра. Претходно бил удрен со тврд предмет во главата. Димче мој беше здрав, не боледуваше, не беше излезен од лудница, ниту, пак, од затвор, беше бистар, интелигентен, почитуван од другарите и од целиот град, чесен, никому не должеше, од десет години играше шах и беше меѓу најдобрите во гостиварскиот клуб“, низ солзи и со офкање ни ја раскажува болката неговата мајка Перса, со голема молба да и' помогнеме во нејзините настојувања надлежните истражни органи да не ја кријат тајната за смртта на Димче, да проговорат и да ја кажат вистината.

Исаковска има многу прашања на кои бара одговор од надлежните кои ја воделе истрагата. „Зошто по службена должност не ми ја соопштија трагичната вест, како што е редот. Зошто не ме повикаа во Струга да ја извршам идентификацијата? Зошто не ми дозволија да го отворам ковчегот и за последен пат да го видам Димчета? Не само што сета истрага се водеше зад мојот грб и со голема тајна за да се скријат убијците, туку од свои блиски дознав дека синот ми е убиен“.

Таа не верува во службеното известување од три реда, што го добила по неколку месеци од Основното јавно обвинителство во Струга. „Основното јавно обвинителство - Струга утврди дека смртта на Димче Исакоски настанала од самоубиство и дека нема повреди што би укажале дека смртта е насилна, затоа нема основа за кривично гонење“, гласело известувањето.

„Син ми Димче на 18 септември утрото замина на работа и повеќе не се врати дома. Следниот ден кога видов дека го нема во неговата соба и во куќата, почнав да го барам. Неколку пати го вртев бројот на неговиот мобилен телефон и постојано го добивав одговорот ’јавете се подоцна‘, а по неколку часа добивав одговор дека телефонот е исклучен и се наоѓа надвор од мрежата. Од неговиот газда дознав дека Димче заминал во Струга. Четири дена и четири ноќи го барав насекаде. Во потрагата се вклучија и најблиските од фамилијата. Но, потрагата беше неуспешна. Не верував, ниту, пак, помислував дека Димче мртов ќе ми го донесат дома“, вели очајно мајката Перса.

По девет месеци од исчезнувањето на Димче, Перса ангажира адвокат кој ќе се обиде да поведе постапка за ревизија на истражните дејства, ќе бара да се изврши ексхумација на телото, да се изврши обдукција и да ја дознае вистината.


Статијата е прочитана 1886 пати.

Испрати коментар

Од: makboy.
Датум: 09.06.2008 03:17:06
Pa kakvi istragi se tije od policija .....i zosto ne i dadat na babickava odgovor, zar imaat nekoj custva kon babickava sepak nemozi da si go vrati cedoto nazat ajjj kakvi vlasnici imame brrrrrrrrrr, ZALOSNO
Од: Zoran
Датум: 09.06.2008 03:47:23
Mozebi, ovoj tekst i na novinarot nema da ostavat vpceatok, no sudbinata moze bilo koj od nas da go pogodi..znae li nekoj poveke, neka kaze, neka pomogne Dimce Isakoski, definitivno ne e samoubiec..bidete luge i pomognete
Од: ecipecipec
Датум: 09.06.2008 09:20:50
Dajte luge da i se pomogne na babickava.. Mozebi utre i vas ve ceka ista sudbina ili na vaseto dete .. pomognete koj znae povece ili nesto za slucajot .. za da se demantiraat neprofesionalnite izvestuvanja na policijata .. koja go stava pod tepih gjubreto, poradi svojata nesposobnost .. na seto toa imajte vo predvid deka se raboti na ubieno momce od makedonska nacionalnost, vo opstina koja od skoro e napravena albanska opstina .. i mnogu ne ja zasegaat vakvite ubistva na makedoncite .. Normalno na gradonacalnikot na STruga i mu e vo interes da se istrebuvaat makedoncite vo STruga. Pomognite vo interes na vistinata
Од: emi
Датум: 09.06.2008 09:54:24
kako i da mnogu losa slika e za makedonija,vakvi ubistva i nastani morat da se razresuvaat a ne da se zataskuvaat
Од: grazerin
Датум: 09.06.2008 13:47:48
Da go demantiram na eden od kolegite.Nese slucuvaat vakvi raboti samo vo struga ne go gi ima niz Makedonija nasekade.Pa zatoa sto ima gradonacalnikot na struga so toa Plicijata i Sudstvoti i Obvinitelstvoto pa toa e vassa vlas pa da i pomogne na babava .Nikoj ne prasuva za ljugje vo Makedonija koj ne se bavat so politika nego samo na partiski ljudje tuka da se bara krivicata KAJ VLATA OBVINITELSTVOTO, sto je korumpirano nije vo Makedonija nemame drzava nemame policija mnemame sudstvo. Za zal za site koj ce gi zadesat vakvi raboce.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Од разгранокот на ВМРО-ДПМНЕ во Струга украден компјутер
Запленет камион со 38 бунди од Италија
Турските газди на битолската пиварница се бараат со потерница
Тепачка за користење на Месната заедница во Орешани
Од 90-годишна жена украдени девет златници
Татко и син загинаа од гром
Стрелал во гулабарник и во боксови за кучиња