Брoj 2745  четврток, 24 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Патничкото го потиснува реципрочното здравствено осигурување

Mалото интересирање е и поради неинформираност на осигурениците

Јасмина Јовановска

Годишноодморците своето здравје најчесто го осигуруваат преку осигурителните компании, иако Фондот за здравствено осигурување нуди бесплатна здравствена заштита во 24 земји. Ова оттаму што патничкото осигурување, иако е поскапо од фондовското, стана задолжително со речиси секоја виза во странство, велат граѓаните. Дополнително патничкото осигурување го потиснува фондовското и поради тоа што патничкото осигурување го добиваат за еден ден со приложување само пасош, додека фондовското ги чини малтретирање и време да се соберат куп документи, укажуваат граѓаните. Некоја поголема разлика во тоа што покриваат двете осигурување нема, бидејќи и двете важат само за ургентни болести и повреди. Но, има разлика во тоа што со патничкото осигурување ургентната здравствена услуга во странство мора да се плати, па потоа компанијата да ги врати парите. Додека со реципрочното осигурување, во земјите со кои Фондот има склучено договор, пациентот не плаќа ништо или само партиципација, како што им било објаснето во Фондот. Но, секако, реципрочното важи само во 24 земји, меѓу кои се' уште не е Грција која и натаму е топ-туристичка дестинација за македонските летувачи, а на листата ја нема ни Албанија, Египет и Тунис, кои стануваат се' поатрактивни за летување.

Во Фондот признаваат дека граѓаните повеќе се одлучуваат за патничкото осигурување зашто е задолжително со вадењето виза за странство, а веруваат и поради тоа што осигурениците не се доволно информирани што им се нуди со реципрочното осигурување.

„Македонија досега има склучено договори со Холандија, Романија, Полска, Белгија, Германија, Чешка, Бугарија, Данска, Словенија, Турција, Австрија, Швајцарија, Луксембург, Франција, Италија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Во овие земји, доколку некој се разболе или пак има некоја незгода, тој со потврдата не плаќа ништо или само партиципација“, об��аснуваат во Фондот.

Оттаму не' веруваат дека вадењето на специјалната двојазична потврда е малтретирање зашто таа се издава за еден ден од подрачната фондовска единица каде што е пријавен осигуреникот. Но, во Фондот заборавија дека за да се добие оваа потврда, осигуреникот треба да има потврда за платен здравствен придонес, да има лекарско уверение за нивната здравствена состојба за кое најчесто е задолжен Институтот за трудова медицина, што чини време, но и пари и тоа 2.000 денари, па дури потоа да им се издаде двојазичната фондовска потврда. Затоа, не треба да зачудува што на граѓаните полесно им е да земат здравствено осигурување од некоја осигурителна компанија, отколку да се малтретираат и да собираат документи.

Потврдите за итно лекување во странство најмногу се издаваат во периодот на годишните одмори и нив ги користат најчесто семејства со мали деца. Лани за двојазични потврди во Фондот се обратиле 890 лица, а да им се рефундираат пари за итна здравствена услуга во странство побарале 150 осигуреници. Од нив најголемиот број се поради повреди во сообраќајни незгоди - 30 отсто, потоа поради срцеви проблеми и крвен притисок, како и поради сончаници најчесто на деца. Овие лица барање за рефундација побарале бидејќи со себе немале двојазична потврда од Фондот или, пак, биле во земја каде што Фондот нема склучено договор за реципрочно здравствено осигурување. И на ваквите осигуреници Фондот им ги признава потрошените пари за итната медицинска помош, но во висина од 80 отсто од платената сума, и ако имаат оригинална медицинска и финансиска документација.


Статијата е прочитана 388 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
М��кедонија
Матната вода од „Матка“, најверојатно, ги задушила рибите во Вардар
Силно невреме ги уништи насадите со тутун во Десово
Водостопанство „Тиквеш“ ќе ја запре водата на нередовните плаќачи