Брoj 2745  четврток, 24 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Силно невреме ги уништи насадите со тутун во Десово

Жителите на селото не паметат вакво невреме, кое само за 15 минути остави пустош зад себе

Прилеп - Силно невреме проследено со град со големи на лешник и силен ветар што го зафати атарт на долненското село Десово завчеравечер ги оштети, на места 70 отсто, а на места и до 100 отсто насадите со тутун, пченка и мал дел со градинарски култури. Жителите ги проценуваат штетите на приближно два милиона евра.

„Беше страшно, среќа невремето траеше само 15-тина минути. Силен ветар удираше од сите страни, оштетени се куќите, покривите, а и родот ни остана по нивите. Насадив 12 декари со верба дека ќе добијам квалитетен род и дека ќе ја поминам зимата што доаѓа, но сега сум целосно без пари, без денар“, вели Мујо Фазлиќ, проценувајќи ги личните штети на приближно пет илјади евра.

Неговиот соселанец Љатиф Вејселоски се жали: „Штетите се околу 13 илјади евра, ништо не остана од тутунот што го насадив на 36 декари. Како сега натаму ќе го прехранам моето седумчлено семејство, не знам. Никој не е вработен, а сите сме возрасни луѓе. Цела година сме по нивните и сега ете пак останавме без пари, само со работата“, вели Вејселоски, кој е и претседател на месната заедница.

„Бараме итна помош и од Владата и од ресорното министерство. Никој не го посакува лошото, но кога ќе дојде нема каде да се оди, затоа бараме помош, да излеземе и ние од оваа елементарна непогода. Вакво невреме не се памети, како торнадо, дојде уништи се' за 15 минути и замина“, вели Сашо Паноски, секретарот на месната заедница.

Жителите очекуваат дека локалната самоуправа бргу ќе формира комисија за процена на штетите и ќе се заложи да им помогне. (Мн.Т.)

 


Статијата е прочитана 168 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Матната вода од „Матка“, најверојатно, ги задушила рибите во Вардар
Патничкото го потиснува реципрочното здравствено осигурување
Водостопанство „Тиквеш“ ќе ја запре водата на нередовните плаќачи