Водостопанство „Тиквеш“ ќе ја запре водата на нередовните плаќачи
Неколку водни заедници, корисници на вода од хидромелиоративниот систем „Tиквеш“, од петок ќе останат без вода поради неплатени долгови. Од водостопанство „Tиквеш“ велат дека единствена причина за ваквата непопуларна мерка е немањето слух од водните заедници да си го намират долгот за 2007 година и покрај писмените опомени и понудените рокови за плаќање на заостанатиот долг.
„Имаме водни заедници кои должат и по 1,5 милион денари. Најголемиот број должници имаат долгови од 300.000 до 500.000 денари“, вели директорот на водостопанство „Tиквеш“ Љупчо Димов и појаснува дека се принудени долгот да го соберат присилно, бидејќи и тие имале обврски спрема ЕСМ - ЕВН кои во најкраток рок требало да ги покријат.
Се апелира до корисниците на вода да ги преземат сите мерки за ублажување на евентуалните штети кои би можело да произлезат од исклучувањето на водата, за што дистрибутерот нема да сноси никаква одговорност.
Димов оценува дека во овој момент имало доволно вода за полевање на земјоделските површини и покрај долгиот сушен период и зголемената потреба од вода за наводнување. (А.Д.)
Ne e loso pocituvan direktore i da go podobrite vodosnabduvanjeto vo tikvesijata zatoa sto i pokrAJ tehnoloskiot napredok vo 21vi vek imam cuvtsvo deka sum vo 19 i ziveam vo Kambodza i za promena i dobar efekt probajte da gi kaznuvate onie gragani na Kavadarci sto po cel den visat so creva i vadat treva,cvecinja pa i ladat trotoari,kocki,plocki,cement,asvalt..Pa zosto da bidat sovesni koga imaat tie voda za se a mzoebi navecer spjat na asvalt a nie ke fatime epidemii od 15 casovnota restrikcija. Razmislete zatoa sto preku leto idat ogromen br na pecalbari i vrie od stranci koi sigurno ne se naviknati da polevaat od vangli i da se banjat so sisinja ...