Брoj 2745  четврток, 24 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Матната вода од „Матка“, најверојатно, ги задушила рибите во Вардар

Официјалните резултати од анализите на водата од Велес ќе бидат соопштени денеска

Сања Наумовска

Прекумерното испуштање вода од хидроцентралата „Матка“, најверојатно, е причината за поморот на риба во реката Вардар кај Велес, соопшти директорот на Државниот земјоделски инспекторат, Ванчо Димитриев. Лабораториите во Министерството за животна средина и просторно планирање и во Ветеринарниот институт деновиве со сигурност треба да потврдат кои се причините за еколошката катастрофа што се случи пред два дена во Велес. Мострите од вода и риба земени од три локации на Вардар во и надвор од Велес вчера се дадени на испитување. Во Државниот инспекторат за животна средина информираат дека контрола е направена и во индустриските капацитети во околината на Велес кои испуштаат отпадни води во Вардар со цел да се утврди причината за еколошката катастрофа. Директорката на инспекторатот, Орхидеја Нечева-Петрова, соопшти дека резултатите од водата ќе бидат готови денеска, додека пак испитувањето на рибите ќе потрае неколку дена. „Врз основа на резултатите, вели Нечева-Петрова, Инспекторатот ќе одлучи и за мерките што ќе ги преземе во иднина“.

Според Државниот земјоделски инспектор Димитриев, констатирано е дека се уништени неколку тони риба поради нагло испуштање на големи количества вода при низок водостој, што предизвикало заматување и недостиг на кислород. Тој нагласува дека согласно со новиот Закон за рибарство и аквакултура казните за правни лица кои предизвикале помор на риба изнесуваат од 3.000 до 5.000 евра, а за физички лица од 2.500 до 5.000 евра. Предвидени се и прекршочни санкции за забрана на вршење дејност од една до пет години. Предизвикувачот на штетата мора да ја надомести и со порибување.

Според Општинската инспекција за животна средина во Велес, во моментот на поморот, во вторникот утрото, водостојот на Вардар бил зголемен за околу еден метар. Стотици килограми ситна риба, но и крап и сом кој достигнувал до 5 килограми, биле забележани на влезот на Вардар во Велес, а кратко време потоа и во центарот на градот.

„Податокот дека реката на влезот во градот била полна со црна тиња укажува дека катастрофата не е предизвикана од Велес, туку погоре по течението на Вардар“, вели Билјана Шуркова-Манаскова, општински инспектор за животна средина.

Во ЕЛЕМ, пак, нагласуваат дека во изминатите денови немало стихиско испуштање вода од акумулациите во Вардар.

„Вода истекува кога хидроцентралите се вклучуваат во системот за производство на електрична енергија, а тоа се случува по налог на МЕПСО, кога побарувачката се зголемува. Тоа, во последно време е случај речиси секојдневно, особено во шпицевите попладне“, велат во ЕЛЕМ.


Статијата е прочитана 181 пати.

Испрати коментар

Од: Vardarka
Датум: 24.07.2008 00:27:42
Kako svedok sakam da kazam deka ne samo tinja, tuku i ogromno, ogromno kolichestvo gubre se leeshe nekolku chasa vdolz skopskiot del od Vardar. Navodno rekata beshe chistena edna nedela prethodno, no so ogled na toa shto se chisteshe na mnogu mal poteg okolu centarot, nemashe nikakov efekt. Vo delot kaj Saraj Vardar e sekogash prepoln so gubre i nikogash ne go chistat.
Од: bitola
Датум: 24.07.2008 00:48:22
kakva potrosuvacka, kakvo peglanje na spicovi!? Pa vo ponedelnikot nadvor od proizvodstvo bese vtroiot blok, onoj istiot koj ne proizveduvase struja i vo petokot i onoj istiot vrz koj e izvrsen kapitalen remont kako sto se pofali rakovodstvoto na rek neodamna. Znaci vtoriot ispadna od sistem, a tretiot e vo remont, sto znaci rek proizveduvase samo so eden blok. Ete zatoa na srede leto bese aktiviran hidropotencijalot! neka se pozanimavaat malku novinarite so toa, zosto pagaat blokovi i posle generalen remont
Од: Saso N.
Датум: 24.07.2008 09:21:47
Najdobro bi bilo nadleznite organi sega da istrazat od koi pricini morase da se vklucat hidroelektranite i zosto se trosat na primer poslednite rezervi na voda od Mavrovskata akumulacija. Nesposobnite vo REK "Bitola" treba da dadat otcet pred javnosta zosto im padjaat veke remontirani blokovi, a drzavnite kompanii MEPSO I ELEM treba vednas da se zadolzat da izvrsat poribuvanje i toa pod nadzor, srazmerno na kolicestvata riba sto permanentno ja unistuvaat. Za vakvi eko-katastrofi na zapad odma padjaat ostavki!!!
Од: Sonja
Датум: 24.07.2008 09:23:23
Откако се случи убиството на рибите сега сите перат раце. А се јавија и велешките ,,зелени,, кои делеа памет отпосле. Сите сме сведоци како нивнтие колеги од запад кога има ваква хаварија работат. колку пати на тв сме виделе во вода со излеана нафта се спасуваат риби, птици а во Велес ништо не е случи., Само граѓаните ја собираа рибата и ја јадеа или продаваа. Наместо зелените да делат памет требаше да земат буриња, канистри и ја собираат зашеметената риба и да се спаси што може да се спаси. По загубента војна сите генерали се паметни, за жал....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Патничкото го потиснува реципрочното здравствено осигурување
Силно невреме ги уништи насадите со тутун во Десово
Водостопанство „Тиквеш“ ќе ја запре водата на нередовните плаќачи