-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Хороскоп

Хороскоп

Овен

Вие сте со променливо расположение, намуртени и незадоволни, и тоа без особена причина. Полесно ви е да паднете во депресија и од се да кренете раце отколку нешто конкретно да преземете. Не давајте се! Разменете го искуството со пријателите, па ќе најдете излез.



Бик

Иако ви е имунитетот на долната граница, а нервниот систем благо протресен, сепак сте активни. Знаете да одолеете на предизвиците. Пречувствителноста и чувството дека никој не ве сака е само субјективно. Сите всушност ве сакаат, само тоа тешко допира до вашето срце



Близнаци

Иако на прв поглед сте срамежливи и смирени, вашите чувства се многу бурни. Во емотивната врска многу од вас се чувствуваат повредени, па се обидувате нешто конкретно да направите и да ја промените состојбата. Тешко ќе успеете во тоа, бидејќи ви недостига одлучност.



Рак

Доколку ги убедувате другите, ќе постигнете успех. Нагласена е смислата за дипломатија, способноста на подучување, но и признанието отстрана - сето тоа ви влева сила и влијае на вашето добро расположение. Предност им давате на работата и меѓучовечките контакти



Лав

Не дозволувајте нервозата да ја доведе во прашање вашата емотивна врска. Обидете се да се смирите и да не реагирате импулсивно. Однесувајте се разумно, практично и мудро. Почекајте ги своите пет минути и ќе биде токму онака како што сакавте.



Девица

Многу од вас ќе имаат главоболки и конфликтни ситуации. Контролирајте ја нервозата, бидејќи можете да бидете склони кон ексцентрични постапки. Бидејќи по природа сте перфекционисти, константно сте незадоволни со постигнатото и се стремите кон повисоки цели.



Терезија

Убави вести и многу пријатни, незаборавни моменти со партнерот. Ако сте осамени, овие денови можете да доживеете љубов каква што не сте доживеале никогаш. Излегувајте што повеќе и дружете се. На некои случувања малку можете да влијаете, но не нервирајте се, се' ќе се среди.



Скорпија

Се колебате помеѓу повеќе понуди. Ќе бидете во ситуација долго да размислувате и повторно да не бидете начисто како да постапите. Повеќето случувања денес се врзани за домот и за семејството. Доколку некој ви понуди дополнителен извор на приходи, прифатете.



Стрелец

Причината поради која сте нервозни, навистина е индивидуална. Бидејќи сте личност која најмногу се нервира на работа, најверојатно е дека ќе бидете незадоволни од соработниците. Бидејќи станува збор за променлива состојба, издржете го предизвикот и обидете се да бидете издржливи.



Јарец

Мислите дека работите не се одвиваат во саканиот тек, па нервозите се неминовни. Обидете се на ваш својствен начин да ги санирате, да зачувате здрав разум и од кризата да излезете како победник. Начинот не е едноставен, но е возможен. Смирување побарајте кај пријателите.



Водолија

Смислата за натприродното е комбиниран со интуиција. Искористете ја оваа состојба на вистинскиот начин. Бидејќи менталната конституција ви е чувствителна, подложноста на негативни влијанија е изразена, но не барајте утеха во седативи, туку свртете се кон духовна еволуција,



Риби

Вложувате голем напор и фанатично и' приоѓате на работата. Морате да водите сметка за тоа да не ги прецените сопствените можности и да не предизвикате контраефект. Посебно треба да внимавате кога неморалните постапки се во прашање. Ве поддржува семејството и саканата личност.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 1°C

Облачно

Четврток
Слаби снежни врнежи
Макс: -3°C, Мин: -6°C

Петок
Слаби снежни врнежи
Макс: -2°C, Мин: -9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |