Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Општината е отворена за граѓаните

Општина Карпош

Почитувани, за подобро инфрмирање на јавноста би сакале да дадеме некои дополнителни информации кои ќе дадат појасен поглед на немилиот настан што се случи со кршење слики во приемниот дел на Општина Карпош.

1. Неподелено е мислењето дека овој чин треба да се осуди.

2. Коментарите изнесени од говорницата на Советот дека тоа лице е или било член на некоја политичка партија само можат да се толкуваат како желба за прибирање политички поени. Според законот, советник не може да биде повикан на одговорност за кажаниот збор од говорницата, што некои советници во целост го користат за пласирање невистини.

3. По барање на Општина Карпош, од МВР добивме известување дека ниеден нивни припадник не бил спречен да ги извршува своите активности.

Се надеваме дека минорноста на овој наводен голем инцидент со ова ќе биде поткрепена во целост.

Општина Карпош како општина со високи стандарди на однесување на нејзините граѓани е вознемирена од чинот што се случи во приемните простории на општината, како и од невистинитите информации кои беа изнесени во дел од јавноста. Низ просториите на општината секојдневно има голема фреквенција на странки. Доколку некоја странка била незадоволна од некои одлуки или бавни процедури, своето незадоволство треба да го манифестира според поставените стандарди на цивилизирано однесување.

Општина Карпош започна да прави максимален напор во иднина да се отстранат причините за незадоволство на граѓаните. На тоа поле новиот градоначалник Сашо Димиќ презема чекори и тоа преку подобрување на ефикасноста на администрацијата и како прв чекор во таа насока преку продолжување на работното време во приемните одделенија до 20 часот. Општина Карпош, конечно, треба да стане отворена за граѓаните и во таа насока ќе работиме на подобрување на тие услови преку новите проекти кои ги планираме за во иднина.


Статијата е прочитана 96 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
„Ден на идеи“ во бесконечност
Формирано прилепско друштво „Крали Марко“