Формирано прилепско друштво „Крали Марко“
Ламбе Мартиноски, Гарфилд, САД
Основачкото собрание се одржа минатиот месец во ресторанот "Дежа ви" во Гарфилд, а во присуство и со поддршка на делегацијата од Прилеп на чело со градоначалникот Марјан Ристески, заедно со бизнис- елитата од Прилеп.
Градоначалникот на Прилеп истакна дека присуствува по покана од македонската заедница во државата Њу Џерси (Macedonian Community of New Jersey) MCNJ, а со цел збратимување на Прилеп со Гарфилд и од таа средба носи убаво впечатоци. Тој изнесе показатели со кои се гарантира напредок на Прилеп за подобра утрешна иднина на сите, како и покана од градоначалникот на Гарфилд да возврати и да го посети градот на Ченто.
Добивме уште една организација на овие простори, уште една македонска клетка за зацврстување на македонското ткиво, а како доказ дека насекаде постоиме, без разлика на соседските негатори за нашиот етнос.
|