Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија
ДПА бара спречување на политичката и етничката криза

ТЕТОВО - Демократската партија на Албанците е загрижена за ситуацијата во земјата која водела кон катастрофа. „Не сакаме да се случи најлошото, но ако не се растури оваа антиалбанска влада, ќе се растури Македонија“. Ова вчера на прес-конференција го изјави Имер Алиу, координатор на пратеничката група на ДПА, кој упати апел до САД, ЕУ и НАТО итно да интервенираат за да се спречи продлабочувањето на политичката и етничката криза кои со сигурни чекори води кон целосна дестабилизација“.

Алиу смета дека продолжила агонијата на антиалбанското прашање и на Албанците во Македонија. „Премиерот Груевски и Владата очекувано не се дистанцираа од енциклопедијата. Али Ахмети и ДУИ ставија печат на предавството со ненапуштање на оваа антиалбанска влада. Енциклопедијата ниту е повлечена ниту ќе се коригира некој нејзин дел. Две илјади примероци се разделени низ Македонија и милиони низ целиот свет“, загрижено констатира Алиу. Според него, енциклопедијата била производ на антиалбански менталитет. Имер Алиу ги повика Албанците да не потклекнуваат на антиалбански провокации, ветувајќи дека ДПА има сила, способност и знаење да го унапреди албанското прашање. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 436 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 01.10.2009 22:43:05
За ДПА е подобро да бара членови...
Од: Зоран
Датум: 02.10.2009 10:59:34
Барањето на ДПА е во ред и на место! Но, да бараш вакво нешто од криза- мејкери, некако не ми изгледа изводливо.

Најди! во Утрински
Македонија
Споменикот на Меџитлија ги раскара Егејците
Презентирани археолошки наоди од локалитетот Злетовица