По повод 8 Септември, на терените на реновираниот спортски центар во училиштето „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров ќе се одржи фудбалски турнир. На турнирот што се одржува традиционално по четврти пат, ќе учествуваат екипи од речиси сите општини. Натпреварите ќе започнат на 8 септември, а ждрепката за формирање на полуфиналните групи ќе се влече в сабота, во 21часот во просториите на Месната заедница „Даме Груев“. Пријавувањето на екипите трае до сабота, во МЗ„Даме Груев“ или на адресата opstinagpetrov@ yahoo.com.mk. (В.Д.)