Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Гази Баба исплатила 3,7 милиони денари за надоместоци на советниците

Ревизорскиот извештај констатирал објективни финансиски извештаи за донации

Општина Гази Баба за 2007 година прикажала ставка за плати и надоместоци на приходи и расходи поголема за 3.725.000 денари поради исплата на надоместоци за советниците и за претседателот за присуство на седници, за учество во работни тела, за проучување материјали, и слично. Општината, по основа на донации од АД „Скопски саем“ остварила приход од 30 илјади денари, а од спонзорство од „Лукоил“ во Скопје 50 илјади денари, за што нема склучено договори за донација и спонзорство. Ова е наведено во ревизорскиот извештај за работењето на Општина Гази Баба за 2007 година во време кога градоначалник е Коце Трајановски. Сепак, ревизорот констатирал дека финансиските извештаи вистинито и објективно ја прикажуваат состојбата на сметката за донации на 31 декември 2007 година.

Во извештајот се вели и дека Гази Баба не ги применувала ниту одредбите од Законот за јавни набавки, кога изградила влезен хол за едношалтерски систем, бидејќи без постапка за јавна набавка склучила договор на износ од еден милион денари. Ревизорот нашол и неправилна примена на акти, а Гази Баба не ја почитувала ниту процедурата за издавање одобренија за користење јавни пешачки површини пред деловните објекти за поставување урбана опрема. Не бил донесен ниту интерен акт за дефинирање на постапката за утврдување комунална такса за користење јавни површини и не било задолжено лице за извршување на овие активности. Општината е тужена во повеќе судски спорови во вкупен износ од 12.830.000 денари. (Сн.К.)


Статијата е прочитана 282 пати.

Испрати коментар

Од: tttt
Датум: 05.09.2008 11:25:23
alalda im e za toa ima pari a za bitni raboti vo opstinata nema samo prazni vetuvanja . vo 21 vek na samo 7 kilometri do centarot na gradot a bes fekalna kanalizacija konkretno za indjikovo ??!!??
Од: Mirko
Датум: 05.09.2008 14:27:16
E boze Koce koj e nesposoben i nema nikakvi kvalifikacii go napravija gradonacalnik. Ima intelekt na malo dete a ocigledno e korumpiran i neznae sto pravi. Tesko na Gazi Baba so vakov gradonacalnik. Se nadeavame ova ke mu bide posledna funkcija vo gradov. Ja unisti Gazi Baba...
Од: Vlade
Датум: 05.09.2008 14:57:32
кога жителите на инџиково ке плаќаат редовно данок на имот и комуналии од 85 по квадрат тогаш нека бараат канализациони мрежи, улици, тротоари и водоводи... од нив 80% се опфатени со данокот на имот од кои помалку од 30 % плаќаат... од сигурни извори... поздраФ...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Приватните автобуси стартуваа со електронска безготовинска наплата
Фудбалски турнир по повод 8 Септември
Донирани 370 книги за училишните библиотеки
„Слатко“ изненадување за посетителите на Луна паркот

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.