„Слатко“ изненадување за посетителите на Луна паркот
Забавниот парк „Луна“ и фабриката за чоколади, вафли и бонбони „Европа“ од Скопје подготвуваат „слатко“ изненадување за посетителите на Луна паркот. По повод 8 Септември - Денот на независноста, сите граѓаните кои ќе одлучат на 7 и 8 септември да го посетат Забавниот парк, во периодот од 9 до 11 часот, со секоја купена карта ќе добијат и производи од „Европа“. Посетителите ќе добијат крем-банани, вафли и наполитанки. (В.Д.) |